Група германски лекари тврдат дека коронавирусот е плод на мафијашка измама. Тие основале здружение, чија цел е да му ја соопшти на светот вистината за опасниот вирус, пренесува српски „Курир“.
Како што на конференцијата за новинари изјавил доктор Хајко Шонинг, еден од основачите на здружението, короната е само еден вид грип, кој секоја година се појавува во одредено време.
Строгите мерки кои се воведоа немаат никаква врска со вирусот. Но главниот производ од тие мерки е паниката, и таа е многу опасна.
„Корона-паниката е исценирана и е обична измама“, вели доктор Шонинг и додава дека многу е важно да се разбере дека се наоѓаме во средиштето на еден голем мафијашки трик и злодело, а како доказ го понудил своето интервју и написи на другите доктори.
На крајот, тој предупреди дека не знае што се наоѓа во вакцините за коронавирусот. Пред шест години, СЗО направила кампања во Кенија за вакцина, каде ампулите тајно содржеле хормон за бременост oksitocin. Таа вакцина тајно им била давана на пациентите, за што постојат и докази и сведоци доктори, па дури и 20 бискупи.
Тој уште еднаш ги доведе во прашање целисходноста на мерките против коронавирусот, затоа што постојат голем број необјавени научни докази кои ја побиваат целисходноста на истите.
Извор/Курир.рс