Научниците идентификуваа нов вид на коронавирусот, кој станал доминантен во светот, пишува L.A. Times. Според научниците овој вирус е позаразен од оној кој се прошири во раните денови на пандемијата на „Ковид-19“. Ова го покажува новата студија која ја предводеле научниците од Националната лабораторија во Лос Аламос.
Новиот вид се појавил во февруари во Европа, брзо мигрирал на Источниот брег во САД и бил доминантен вид ширум светот од средината на март, напишале научниците, пренесува Курир.рс.
Покрај брзото ширење, луѓето можат да бидат ранливи и на други инфекции по првиот напад, се предупредува во извештајот. Истиот е напишан на 33. страници и е објавен во четврток на BioRKIV, веб локацијата, која истражувачите ја користат за да ја споделат својата работа пред да биде стручно прегледана.
Ваквиот нивен труд е во обид да се забрза соработката со научниците кои работат на вакцината или третманите против „Ковид-19“. Тоа истражување во голема мера се заснова на генетското наследство на раните соеви и можеби нема да биде ефикасно во однос на новиот.
Мутацијата која е идентификувана во новиот извештај, влијае на злогласните шилци на надворешноста на коронавирусот, кои му овозможуваат на вирусот да влезе во човечките респираторни клетки. Авторите на извештајот изјавилде дека чувствуваат „итна потреба за рано предупредување“, за да вакцините и лекови во развој, ширум светот, бидат ефикасни против мутираниот сој.
Каде и да се појави новиот вирус, тој брзо заразил многу повеќе луѓе, во однос на претходните вид кој се пренесе од Вухан, градот во Кина, вирус кој се рашири за неколку недели. Тоа беше единствениот вид кој преовлада во некои земји, е наведено во извештајот.
Доминацијата на новиот вид, над неговите претходници покажува дека е инфективен, е наведено во извештајот, но не е познато зошто е тоа така. Коронавирусот, познат на научниците како SARS-CoV-2, заразил повеќе од 3,5 милиони луѓе ширум светот и предизвикал околу 250.000 смртни случаи од „Ковид-19“, од неговото откривање на крајот на минатата година.
Извештајот е заснован на компјутерска анализа на повеќе од 6000 сетови на коронавирус од целиот свет, кои ги собра Глобалната иницијатива за делење на сите податоци за грипот, јавно-приватна организација во Германија. Со постојани анализи, утврдено е дека новата верзија почнува да станува доминантна.
Тимот од Лос Аламос, потпомогнат од научниците од Универзитетот „Дјук“ и Универзитетот „Шефилд“ во Англија, идентификувал 14 мутации. Тие мутации се случиле меѓу речиси 30.000 базни парови на RNA, за кои други научници велат дека го сочинуваат генот на коронавирусот.
Авторите на извештајот се фокусирани на мутацијата наречена D614G, која е одговорна за промена на шилците на вирусот.
„Приказната е загрижувачка, затоа што гледаме дека мутираниот облик на вирусот брзо исчезнува и за време на месец март стана доминантен облик на пандемија“, напишала раководителот на студијата Бет Корбер, компјутерски биолог од Лос Аламос, на својот „Фејсбук“ профил.
„Кога вирусите со оваа мутација ќе навлезат во популацијата, тие брзо почнуваат да ја превземаат локалната епидемија, па се и преносливи“, смета Корбер.
Иако извештајот од Лос Аламос технички не е завршен, Корбер пишува за последиците од тој налог.
„Ова е страшна вест, но ве молам да не се обесхрабрувате. Нашиот тим од LANL, успеа да ја документира оваа мутација и нејзиното влијание на преносливост, само поради огромните глобални напори на експерти и експриментални групи, кои предупредуваат на нови соеви на вирусот SARS-Co-2, во своите локални заедници“, пишува Корбер.
Корбер е научник кој докторирал на хемија на Калтек, и се приклучил на групата во 1990 година и поголемиот дел од својата работа го фокусира на трудовите за пронаоѓање на вакцината за ХИВ. Во 2004 година ја добива наградата „Ернест Орландо Лоренс“, најголемото признание од американското Министерство за енергетика за научно достигнување. Овој научник помогнал во основањето на сиропиталиште за жртвите од сида, во Јужна Африка.
Извештајот содржи регионална поделба на времето кога новиот сој на вируси првпат се појавил и колку време требало да стане доминантен. Италија била една од првите земји кои го видела новиот вирус во последната недела на февруари, речиси во исто време кога се појавил во оригиналниот сој.
Вашингтон бил меѓу првите држави кои го подигнале изворниот сој на крајот на февруари, но до 15. март доминирал мутираниот сој. Њујорк е нападнат од оригиналниот вирус, околу 15. март, но за неколку дена мутантскиот сој го превземал. Тимот сега за сега ги нема објавено резултатите за Калифорнија.
Научниците од повеќето организации кои работат на вакцината или лековите, изјавиле на „Тајмс“ дека имаат докази дека вирусот е стабилен и дека веројатно истиот нема да мутира. Тој ќе биде ист како и грипот, благодарение на вакцината која се употребува секоја година. Извештајот од Лос Алмос би можел да ја искористи таа претпоставка.
Ако пандемијата не успее сезонски да исчезне поради топлото време, студијата предупредува дка вирусот би можел да мине низ дополнителна мутација, дури и кога истражувачките организации се подготвуваат за првите лекови и вакцини. Ако сега надвладее ризикот, ефикасноста на вакцината би можела да биде ограничена.
Некои соединенија во развој треба да се прицврстат или да го прекинат делувањето на шилците на коронавирусот. Ако се дизајнирани на оригиналната верзија на шилците, можеби нема да бидат ефикасни против новиот вид на коронавирусот, предупредуваат авторите на студијата.
„Не можеме себе си да си дозволиме да бидеме заслепени додека работиме на вакцината и антителата во клиничките испитувања. Ве молиме да ја охрабрите глобалната научна заедница во тоа и да соработуваме едни со други на начини какви досега не сме работеле во изминатите 30 години“, пишува Корбер на „Фејсбук“.
Давид Монтефиори, научник од Универзитеотт „Дјук“, кој работел на извештајот, изјавил дека прв ја документирал мутацијата на коронавирусот која изгледа се чини уште позаразна.
Иако истражувачите сеуште не ги знаат деталите како мутираните шилци се однесуваат во телото, сепак можат да утврдат дека очигледно работат нешто, што на вирусот му дава еволуциска предност во однос на претходникот и го поттикнуваат неговото брзо ширење. Еден научник го нарекол класичен случај на еволуцијата на Дарвин.
„D614G расте со алармантна брзина, што укажува на предноста во однос на оригиналниот вид од Вухан, кој овозможува брзо ширење“, е наведено во студијата.
Сеуште не е познато дали овој мутиран вирус би можел да ја објасни регионалната варција, односно да објасни како „Ковид-19“ успешно се рашири низ различните делови на светот.
Во САД, лекарите почнале да истражуваат независно од тоа дали новите видови на вирусот можат да ги објаснат разликите во бројки на заразени, заболени и починати од вирусот, изјавил Алан Ву, професор од Сан Франциско, кој води клинички хемиски и токсиколошки лаборатории во Општата болница во Сан Франциско.
Медицинските експерти во последните неколку недели сметаат дека утврдиле најмалку два типа на вирус во САД, еден распространет на Источниот брег, а другиот на западниот брег, вели Ву.
„Сакаме да ја идентификуваме мутацијата“, изјавил тој, забележувајќи дека неговата болница имала само неколку смртни случаи од стотина заболени кои се лечеле, што е сосема друга приказна од онаа која доаѓа од Њујорк.
Студијата од Лос Аламос не покажува дека новата верзија на вирусот е смртоносна од оригиналната. Се чини дека луѓето заразени со мутираниот вид имаат поголемо вирусно оптеретување. Но, авторите на студијата од Универзитетот во Шефилд, откриле дека меѓу локалните примероци, од 447 пациенти, стапката на хоспитализација била приближно иста кај луѓето заразени од двата вируси.
Дури и ако новиот вид не е опасен од останатите, тој може и понатаму да ги комплицира напорите за ставање на пандемијата под контрола. Тоа би било проблем ако мутираниот вирус се чини толку различен од претходните соеви, за луѓето кои имаат имунитет на нив, не би биле имуни на новата верзија.
Ако тоа е случај, тоа би можело да создаде ситуации во кои поединци би можеле да бидат подложни и на други инфекции, напишале авторите во студијата.
„Можно е преку мутацијата вирусот на некој начин да го избегне имуниот систем“, вели Монтефиори, кој на вакцината против ХИВ работи веќе 30 години.
„Тоа е хипотетичко прашање и многу е тешко да се дојде до одговор“, вели Монтефиори.