Археолози од Институтот во Кавказ откриле мистериозен костур на жена, за која се претпоставува дека живеела во периодот меѓу четвртиот и шестиот век, во близина на рускиот град Назран на Кавказ.
Вниманието им го привлекло нејзиниот череп кој имал јајцевиден облик и повеќе наликувал на филмски приказ од скелет на суштесто што не е од нашата планета.
Деформирани черепи и вратови веќе се најдени во гробници на многу древни нации, како што се Алани, Хуни и Самаричани, а археолозите сметаат дека таквите остатоци припаѓаат на елитните членови на тогашните заедници.
Ваквиот чуден облик на череп во кој се забележуваат два полни реда неверојатно бели заби ги навело научниците на заклучок дека станува збор за благороден човек од тогашните народи.
Неколку древни народи во тоа време користеле техники за промена на обликот на главата и вратот. Се верува дека припадниците на благородната класа го правеле тоа за да го нагласат својот статус.
Тоа главно го постигнувале со употреба на стегачи и завои, или ставање прстени на главата уште во детската возраст, додека телото се формирало.