Лекар од Даблин Метју Отатељ се сними на „Твитер“ само за да им докаже на сите теоретичари на заговори дека маските не го намалуваат протокот на кислород во човекот. Тој докажа дека не постои начин носењето маски а го намали нивото на кислород во крвта.
За да го поткрепи таквото тврдење, тој направи експеримент. Метју стави на себе шест маски оддеднаш.
„Пациентите постојано ме прашуваат дали носењето маски го намалува нивото на кислород во организмот, а тоа ме прашуваат затоа што ме читаат на социјалните мрежи. Покривањето на лицето со маска не го намалува нивото на кислород. Јас ставив шест маски на лицето, а тоа немаше речиси никаков ефект на нивото на кислородот во мојата крв“, изјавил Метју.
Сите експерти се едногласни дека, сè додека не се најде вакцина, единствениот лек што го имаме против короната е носењето маски, одржувањето растојание еден од друг и често миење на рацете и водење хигиена.