Голем број теоретичари на заговор зборуваат за борбата на Мајк Тајсон од 19 август 1995 година, со Питер Мекнили. Не зборуваат за самата борба, туку за моментот снимен на трибините на кои се гледа еден од навивачите како држи нешто што наликува на мобилен телефон.
Една од теориите е дека станува збор за патник од иднината, други пак тврдат дека е мини камера која постоела во деведесетите години, но која не била многу позната. Една телевизиска куќа направила истражување и утврдила дека е во прашање Dycam Logitech. Сепак теоретичарите не мислат така.
„Битката во рингот од 1995 година, меѓу Мајк Тајсон и Питер Мекнил во Лас Вегас. Некој од публиката е виден како се слика со она што се чини дека личи на уред како паметен телефон или на некој друг мобилен телефон. Не знам дали е патник низ времето или не, но никој не може да објасни за што се работи тука. QV-100 тогашниот фотоапарат нема сребрена боја на десната страна, а се чини дека ни овој фотоапарат нема црна линија под објективот“, стои во описот.