Огромен леден диск со пречник од речиси 100 метри ги исплашил жителите во градот Вестбрук во американската држава Мејн.
Дискот се појавил во реката Презумпскот со неверојатно правилен облик, а на жителите чудно им паднало тоа што истиот продолжил да ротира.
Снимката е направена од воздух со помош на дрон. Тој се вртел во спротивна насока од стрелките на часовникот. Експертите објаснуваат дека ова е редок, но природен феномен.
Дисковите обично се формираат во деловите на реката каде водата тече бавно и во деловите каде настануваат вртлози.