Британецот Крис Баров (59) снимал со дрон и во одреден момент забележел појава што е карактеристичкна за филмовите со вонземјани.
Крис снимил поле кое вели дека многу наликува на лице на був. Крис вели дека линиите претставувале совршено симетрична фотографија со математички прецизни облици нацртани во снегот.
На самиот цртеж биле забележани и ситни траги од стапала кои водат подалеку од цртежот. Снимката била направена во саботата во западниот дел на Лондон.