(Видео) Морето кај Истанбул се повлече за 25 метри по силниот земјотрес во Турција

Мраморното море кај Истанбул се повлече за 25 метри по 6 јануари кога Турција беше погодена од силен земјотрес. Од Техничкиот факултет во Истанбул велат дека повлекувањето не е поврзано со потресот.

Поради центарот со висок притисок кој се наоѓа на запад од Турција, ветерот подолго време дува над Истанбул во правец од север кон југ, односно кон Мраморното Море. Според главната управа за метеорологија интезитетот изнесува 20 километри на час. Ветерот постојано ја носи површинската вода од брегот кон европската страна на Истанбул односно кон југ. Затоа водостојот се намалува и се повлекува на северниот брег во правец на Авцилар, додека нивото се зголемува на јужниот брег“, велат од факултетот.

Scroll to Top