Стотина мртви гаврани биле видени во руското село Уст-Тарки, на југозападниот дел од Сибир во Русија. Ветеринарите не ја знаат причината зошто птиците умираат на ова место. Лекар од ветеринарско одделение Сергеј Кузлјаки, рече дека направил тестови, но, одговор нема.
Тој објасни дека само гавраните умирале и дека со другите животни и птици немало никаков проблем.
„Работам како ветеринар од 1975 година и ова е првпат да видам вакво нешто“, рече Сергеј.
Телата на птиците биле испратени на анализа за да се види за што станува збор, а Сергеј се сомнева дека гавраните можеби се отруени.
„Најверојатно станува збор за труење. Но, со што птиците се отруени, засега не е познато. Резултатите од студијата ќе ни помогнат да утврдиме за што станува збор“, рече тој.
Пред 10 години вакви слични ситуации биле забележани ширум светот, вклучувајќи и масовна смрт на ракови во Англија, чавки во Шведска и гулаби во Италија.