(Видео) НАСА има план во случај на закана од удар на астероид

Од Американската вселенска агенција НАСА, велат дека знаат што да прават во случајт кога астероид ќе удри на Земјата. Агенциите НАСА и ФЕМА се одговорни да го известат светот во случај ако постои опасност од џиновски астероид да удри во Земјата. Агенциите велат дека направиле бројни симулации и тестирања за судниот ден.

Тоа пред сè се однесува на правовремена подготвеност и воочување на можно уништување на животот на Земјата од смртоносниот астероид.

„Не е работата во тоа дали сакаме, туку кога ќе се соочиме со оваа ситуација“, вели Томас Цурбухен од НАСА.

Ова е протоколот на „НАСА“ во случај на удар на астероид. Тој подразбира пет чекори:

1. Пораката за откривање на опасен астероид, се пренесува на група составена од повеќе од 12 научници. На нив им стигнува порака: „Астероидот се приближува. Потребен е итен состанок“.

2. На состанокот се договара итно следење на астероидот, а научниците веднаш почнуваат да го следат неговиот правец на движење.

3. Научниците ја одредуваат големината на објектот и според брзината на движење, го проценуваат времето на удар во нашата планета.

4. НАСА и ФЕМА потврдуваат дали ударот е неизбежен во зададените параметри.

5. НАСА и ФЕМА свикуваат конференција за медиумите, на која треба да поднесат целосен извештај за приближувањето на астероидот. Во тој момент, агенциите би ги истакнале и своите планови за заштита на Земјата.

 

 

Иако се подготвени, научниците истакнуваат дека можноста за остварување на сценариото за судниот ден, е многу мала. Според НАСА, астероидот со широчина од околу 1,6 километри, може да удри на Земјата на секои милион години.

Во проекциите за спасување, човештвото е приоритет, а планот за уништување на астероидот веројатно би бил со гаѓање со ласер. Постои и можност за удар на вселенско летало во него, како и детонација на бомба, нуклеарна или класична, сè со цел да му се помести движењето или да се уништи на помали парчиња.

 

 

Scroll to Top