Непроценлива, 2000 години стара римска биста, која била изгубе она д Германија по Втората светска војна, на крајот завршила во продавница за евтина стока во Тексас. Ја пронашла Лора Јанг, трговец уметник од Остин, која ја купила за само 35 долари.
Таа ја купила скулптурата уште во 2018 година, а вели дека до неа дошла следејќи го инстинктот.
„Ми делуваше дека е римска и стара. На сонце изгледаше како нешто што би можело да биде нешто посебно“, рече Јанг за медиумите.
Ги контактирала историчарите по уметност од Универзитетот во Тексас, како и претставниците од аукциските куќи и колекционери, со цел да утврди дали станува збор за автентичен примерок.
Се утврдило дека станува збор за римска биста од периодот од крајот на Првиот век пред новата ера и почетокот на првиот век од новата ера.
View this post on Instagram
Бистата била наречена „Портрет на маж“ и е изложена во музејот Сан Антонио, а таму ќе остане и во наредните година дена. Потоа ќе биде вратена во Германија од каде и исчезнала на крајот на Втората светска војна.
Бистата некогаш била лоцирана во градот Ашафенбург во реплика во природна големина на куќа од Помпеја, изградена од Лудвиг I од Баварија, а исчезнала по сојузничкото бомбардирање на градот. Многу е веројатно дека некој американски војник го понел со себе како сувенир.
View this post on Instagram