Затвореникот Вилијам Џенет починал неколку по неколку минути, откако претходно се борел за воздух и ги молел полицајците да го пуштат. Во јавноста се појави снимка додека полицајците го притискале во затворот во американската држава Тенеси.
Ова е нов скандал сличен на оној со Џорџ Флојд од минатата година, кога полицаецот Дерек Шовен неколку минути го држел Афроамериканецот на земја притискајќи го со коленото и не дозволувајќи му да дише. На пат во болницата Флојд починал.
Во новиот случај, ќерката на Вилијам, Доминик, поднела тужба во октомври 2020 година, а ја дополнила во февруари оваа година и обвинува дека татко ѝ умрел од последици на гушење, како резултат од користење на прекумерна сила од страна на седум полицајци.
Вилијам бил уапсен на 4. мај во 2020 година и бил приведен во затвор во округот Маршал, пренесува „Би-би-си“. Џенет во тужбата наведува дека полицајците го држеле татко и на земја и го притискале четири минути. Полицајците се оправдувале дека тој бил крајно непослушен.
Државните обвинители ја затвориле истрагата за неговата смрт пред неколку месеци, а поротата која го прегледала случајот, одлучила да не поднесе кривични пријави против полицајците.
Џенет бил уапсен под обвинение за пијанство, непристојно однесување и давање отпор за време на апсењето. Во неговото тело е откриена супстанцата метамфетамин, а во затворските документи е наведено дека тој халуцинирал и дека бил под дејство на дрога.
Официјалните лица во своите записници навеле дека на денот кога починал, тој бил агресивен во својата ќелија и одбивал да се потчине на наредбите на чуварите кои се обидувале да го смират.
Во тужбата поднесена од семејството е наведено дека за време на борбата, полицајците му ставиле лисици го собориле со лицето кон земја и го притискале толку силно, па Вилијам почнал да вика дека не може да дише. Еден од чуварите дури и го исмевал.
Во еден момент, на снимката се гледа како еден од полицајците го потсетува својот колега на опасноста од гушење поради положбата во која се наоѓа затвореникот и побарал да го ослободат како би можел да дише.
Во изјавата, градоначалникот на Левисбург, Џим Бингам, смртта на Џенет ја нарекол несреќен случај, но, нагласил дека тој и вербално и физички насилно се однесувал кон затворските чувари. Тој не сакал да ја коментира тужбата која семејството ја поднела против градот.