Денес мистериозно почина младата и популарна новинарка на „Би-Би-Си“ Хана Јусуф. Младата девојка имала 27 години, а нејзините колеги се сомневаат дека станува збор за природна смрт.
Јусуф работела на сторија за условите на вработените во една популарна британска кафитерија. Нејзините текстови ги натерале тамошните власти да направат внатрешна ревизија.
„Хана беше вистински професионалец и претставуваше мост меѓу медиумите и заедницата. Таа имаше неверојатен допринес во новинарството и нејзината работа на „Би-Би-Си“. Се надеваме дека ќе послужи како инспирација за нејзините колеги и целата заедница“, се вели во соопштението на нејзиното семејство испратено до јавноста.
Хана беше позната и по нејзиното гостување во емисијата „Добро утро Британијо“ во 2017 година. Таа во студиото се појави со хиџаб на главата. На тој начин сакала да ја подигне свесноста во општеството и да истакне дека забраната на верските симболи на работа, е нешто кое ги погодува муслиманските жени.
Хана е родена во Сомалија. Таа набргу потоа со семејството се преселила во Холандија, а потоа и во Велика Британија. Говорела шест јазици. Засега причината за нејзината смрт останува непозната.