(Видео) Од Пентагон нашле остатоци од летало што не е од Земјата

Поранешни официјални лица на Пентагон тврдат дека пронашле остатоци од летала што не се од Земјата. Пентагон и понатаму има тајна единица за истражување на НЛО, а набргу ќе мора да објави сè што откриле во своите истражувања.

Иако од таму тврдат дека ја распуштиле својата тајна програма за идентификација на НЛО уште во 2012 година, по сè изгледа дека програмата е само преместена и преименувана.

Тоа што е особено интересно е што барем дел од своите откритија ќе мора да ги објават 180 дена од донесувањето на законите за авторизација на известувачките податоци.

И додека некои што се вклучени во програмата се надеваат дека ќе пронајдат докази за постоењето неидентификувани летечки објекти за кои се шпекулира веќе со децении, главниот фокус е сепак прашањето дали се работи за напредна технологија со супериорна воена сила.

Но, поранешниот директор за НЛО-програмата, кој е и поранешно воено известувачко официјално лице во Пентагон, Луис Елизондо, потврдил дека тој, заедно со уште неколку колеги и владини научници, верува оти објекти од засега неутврдено потекло навистина паднале на Земјата, а дека нивните остатоци се однесени на понатамошна анализа.

Елизондо, кој си поднел оставка во 2017 година по 10 години на чело на НЛО-програмата, смета дека таа програма повеќе нема да мора да биде во сенка и дека ќе добие нова транспарентност. За потсетување, теориите за НЛО, кои досега главно спаѓале во доменот на алтернативно и псевдонаучнo истражувањe, добија нов замав и внимание во јавноста кога Пентагон официјално објави неколку снимки од средба на американски воени пилоти со објекти на НЛО.<

Тие снимки уште во 2017 и 2018 година беа објавени од страна на американската компанија To the stars Academy of Arts & Sciences, што ја основал поранешниот член на рок-бендот Blink-182, Том де Лонг, кој е љубител на теории на заговор.

Американската морнарица минатата година ја потврди автентичноста на снимките и нагласи дека нема сознанија за какви точно објекти станува збор. Официјално лице од морнарицата тогаш за Си-ен-ен нагласило дека нема точни сознанија за какви објекти станува збор. Официјално лице од морнарицата тогаш за Си-ен-ен открило дека морнарицата не верува дека станува збор за неидентификувани летечки објекти. Важно е да се нагласи дека НЛО по автоматизам не означува неидентификуван летечки објект, туку просто летало чија природа и потекло не се идентификувани, како што и самото име говори.

Поранешниот сенатор Хари Рид исто така изјавил дека верува оти уривањето на НЛО можеби веќе било забележано и дека другите летала, ако се соборени, морало да бидат проучени.

„Кога го проучив ова, заклучив дека постојат извештаи, некои супстанцијални, некои не, за тоа дека владата и приватниот сектор имаат такви материјали во свој посед“, изјавил Рид.

„Екстремно е важно информациите за откривање физички материјали и пронајдени возила да бидат објавени“, нагласил поранешниот сенатор.

Ниту еден таков дел од срушеното летало досега не е јавно предаден за му се направи независна анализа, а за некои метални фрагменти, кои се пронајдени во лабораториската анализа, потврдиле дека станува збор за човечки, а не за неидентификуван летечки објект. Со тоа некои необјасниви средби со НЛО добиле објаснување, а астрофизичарите истакнуваат дека дури и недостигот на објаснување по автоматизам не значи дека се работи за вонземјани.

Но, Ерик В. Дејвис, астрофизичар кој работел како произведувач, а потоа како консултант во програмата на Пентагон за НЛО од 2007 година, утврдил дека анализата на некои од пронајдените материјали не успеала да го открие изворот на нивното производство.

 

„Не е можно ние да сме ги направиле“, заклучил Дејвис, кој сега работи за одбранбениот кооперант Aerospace Corporation.

Во шпекулациите за НЛО и за вонземјаните се вклучи и американскиот претседател, Доналд Трамп, кој во едно од своите интервјуа изјавил дека знае некои интересни работи за Розвел, градот во Ново Мексико, кој, според таканаречените ловци на НЛО, е првото место каде што било срушено НЛО. Сепак, на прашањето дали ќе ги објави тие информации, Трамп кусо одговорил дека ќе размисли за тоа.

Scroll to Top