(Видео) Огромна мистериозна дупка ги исплаши Турците по земјотресот

По силниот земјотрес во Турција се појави кратер од 1400 квадратни метри. Мистериозниот кратер бил виден во округот Решадије. Има пречник од 37 метри, а турските геолози велат дека не можат да ја најдат врската со неодамнешниот силен земјотрес.

Директорот од Центарот за истражување на природни појави во Обрук, професор Фетулах Арик, рече дека геолози биле на местото на кратерот, пренесе „Блиц“, а пишува „Танјуг“.

„Земјотресот од 6 февруари, и подоцнежните потерси, немаат никаква врска со дуката која изгледа настанала во претходните денови. Не можевме да утврдиме од што е. Можеби земјата се подготвувала да се сруши уште порано, но дека е поврзана со земјотресот не веруваме. Па дупката нема да се отвори 20 дена подоцна“, рече Арик, а пренесе порталот Yenikonya.

Додаде дека земјотресот или подоцнежните потреси не можат да влијаат на формирање на земјата, предизвикана од самиот земјотрес.

„Постојат места во светот каде се имаат создадено слични кратери, но не успеавме да воспоставиме никаква врска со земјотресот“, додаде тој.

Мехмет Јапар, кој живее во близина на местото на кратерот, на висорамнината Хаџи Сеит, објасни дека таквите кратери и претходно се формирале во близина и дека огромната дупка се појавила на нивата на еден од неговите соседи.

Scroll to Top