Португалските вести известија за откритието на голема подводна пирамида, која прв ја открил Диоцлециано Силва, меѓу островот Сао Мигуел и Терцеира, во португалскиот Азори.
Според тврдењата и структурите таа е совршено квадратна и ориентална кон страните на светот. Во моментов проценките добиени со помош на GPS дигиталната технологија е одредена висината на пирамидата од 60 метри, со база од 8000 квадратни метри (отприлика 90x90m).
Португалскиот морнарички хидрографски институт во моментов има задача да ги анализира податоците за да се утврди дали или не структурата ја направил човек.
Понатамошните истражувања кои се случиле на темел на новите скенирања укажуваат на можноста да таму се наоѓа подводно вулканско брдо. По направените скенирања се очекува повеќе информации да излезат на површина. Некои сметат дека ова ново објаснување може да биде прикривање, но таквата позиција останува само нагаѓање во овој момент.
„Пирамидата е совршено обликувана и очигледно е ориентирана кон страните на светот“, изјави Силва за локалните весник Диарио Инсулар.
Таа е пронајдена во подрачјето на средината на Атлантикот и е под вода околу 20,000 години. Со оглед на времето од последната ледена доба, каде глацијацијата предизвикала топење на ледот, се до пред 2000 години, без оглед дали тоа било човечка цивилизација, или не, пирамидата е изградена пред ледената доба.
Иако португалската морнарица сеуште не го одредила нејзиното потекло, многумина се прашуваат зошто не било пријавено порано, туку на крајот на 2012 година.
NОАА (National Oceanic and Atmospehric Administration) кои ги проучува вулканските активности на подрачјето на кое е пронајдена пирамидата, не го открила низ сликите на сонарот, но ова подрчаје темелно е истражувано поради вулканските активности.
Или NOAA сеуште не преминала преку пирамидата, или тие кријат нешто што го открила, или пак пирамидата не постои. Последната теорија се чини дека е поверојатна со оглед на автентичноста на пронаоѓањето.
Археолозите од португалското Здружение на археолошки истражувања неодамна откри докази на островот Пико, кои упатуваат на постоење на луѓе на Азори, и пред доаѓањето на Португалците, пред неколку илјадници години, то тоа понатаму ја поттикнува идејата, дека оваа пирамида би можела да биде изградена од различни цивилизации.
И денеска, сеуште не постои објаснување кој ја создал уметноста на карпите, која може да се најде на островите. Дали пирамидата ја градела цивилизација која постоела пред Португалците? Дали пирамидите воопшто се направени од страна на човекот?
Овде се наоѓа видео од португалските медиуми со англиски превод за оние кои сакаат да го погледнат и да се уверат во вистинитоста на тврдењата.
Азори се интересен регион, содржат ланец од девет вулкански острови во три главни групи, кои се околу 1400 километри западно од Лисабон.
Сите оние кои се наоѓаат околу распуканите делови, меѓу северноамериканските, евроазиските и африканските тектонски плочи – се интересно место за изградба на пирамида, со оглед на енергетските карактеристики поврзани со пирамидата.
Ова видео ја истражува автентичноста на приказната, и можноста за локацијата на визуалирана со помош на карта. Важно е да се напомене дека точни координати на пирамидата не се објавени.
Се смета дека постојат уште 2 пирамиди во тоа подрчаје, како што сликата укажува, и дека би можеле да бидат поврзани со оние пирамиди изградени во Египет.