Школските задачи и експерименти понекогаш знаат да бидат необични и исцрпувачки, но вакво нешто какво што може да се забележи во подолното видео многумина веројатно немаат видено.
Ретко кој би се согласил да го искуси тоа што го доживеале учениците од средното училиште „Барбертон“ во американската сојузна држава Охајо.
Видеото што во последните денови се шири низ интернет-просторот шокирало многумина. Речиси три минути, колку што трае видеото, има болни довикувања на децата кои доброволно се согласиле лицето да им биде испрскано со солзавец.
Додека 14-те момчиња и девојчиња стоеле и го чекале незгодното искуство, еден маж со строг глас им говорел да престанат да даваат отпор.
Само неколку секунди откако ќе им го испрскал лицето, децата почнувале болно да врескаат и да плачат.
И додека некои корисници на социјалните мрежи сметале дека видеото е смешно, повеќето луѓе се згрозиле и го поставувале прашањето зошто ваквиот експеримент воопшто се спроведувал во средните училишта.
Магазинот „Пипл“ дошол до службен одговор.
„Учениците од нашите училишта имаат можност доброволно да учествуваат во активности во кои за кратко време ќе бидат подложни да почувствуваат како е чувството кога ќе им се прснат мали количини солзавец в лице. Активноста е спроведена од страна на инструктор, поранешен шеф на полиција, исклучително професионален во својата работа“.
Учениците морало да имаат потпишано дозвола од родителите за да присуствуваат на вежбата, а намерата на овој тренинг била да ги научат сите одбранбени тактики, силата и влијанието на солзавецот од потенцијалниот напаѓач. Настанот е организиран во рамките на образовниот центар во Охајо, стои во службениот школски допис.
Со оглед дека американските полицајци во повеќето случаи посегнуваат првично по оружјето, па потоа по солзавецот, овој експеримент нема никаква реална цел за да симулира реален настан.
Реакциите на децата видете ги во видеото: