Мистериозни ледени формации се забележани во близина на езерото Мичиген, во САД, а голем дел од луѓето кои ги виделе велат дека личеле на палачинки. Ледените палачинки биле видени на јужниот брег од езерото на плажата Рејнбоу, која деновиве беше зафатена од силен студ.
Icy waters on Lake Michigan tonight at Frankfort. And the ice balls are here again! @PureMichigan @upnorthlive #lakemichigan #iceballs #winter pic.twitter.com/xazXVUbXGS
— Karen Farrell (@karenfarrell77) January 24, 2022
Андреа Вандер Воуд, од лабораторијата за истражување на големите езера при Националната управа за океани и атмосфера, рече дека е во прашање интересен природен феномен. Андреа рече дека мора да се создадат специфични услови за да настанат ваквите ледени палачинки.
Мора да има посебна температура, а мразот обично се формира веднаш под точката на мрзнење во областите каде што има малку бранови.
„Доколку мразот не се скрши, настануваат кругови и на тој начин се формираат палачинките. Брановите и ветровите ја прават таквата форма“, рече Андреа.
Научниците порачаа дека иако ледените палачинки не се необични за Арктикот, тие почнале да се појавуваат и на Големите езера поради студеното време.