Светски научници веруваат дека го откриле најстариот компјутер на светот, кој датира уште од античко време пред 2000 години. Уредот бил најден во Грција уште во 1901 година, а сега научниците се обидуваат да разберат како тој работел.
Механизмот Антикитера бил изработен од бронза и имал десетици запченици. Бил најден како дел од остатоци од брод од римско време. Рачно се напојувал, а експертите веруваат дека им служел на луѓето во минатото да ги предвидат помрачувањата и другите астрономски настани.
Досега е најдена само една третина од него и е тешко да се утврди начинот на кој тој функционирал и работел.
Експерти од лондонскиот Универзитетски колеџ, користејќи 3-Д моделирање успеале да направат целосна реплика, а во процесот користеле модерни материјали.
Механизмот се опишува како астрономски калкулатор и прв аналогни компјутер. Тој е направен од бронза и содржи десетици запчаници.