Некои заговорници шират видео на интернет од велигденската литургија во московскиот соборен храм и тврдат дека рускиот претседател Владимир Путин воопшто не присуствувал на овој настан. Тие тврдат дека тој бил претходно снимен и монтиран.
На видеото Путин држи запалена свеќа во празна катедрала во Москва, а до него се неговите телохранители. Заговорниците тврдат дека тој бил однапред снимен, затоа што се плашел да излезе во јавност по руската инвазија врз Украина.
Someone captured Putin on video during the pre-recording of him in an emptied church protected by his body guards. This footage was then broadcast as “live” on Russian state propaganda TV, sprinkled into the actual footage of Easter services. pic.twitter.com/qROmcyhBYk
— Igor Sushko (@igorsushko) April 24, 2022
Снимката потоа била монтирана на видеото од велигденската литургија која подоцна се рашири на социјалните мрежи. Заговорниците споделија уште едно видео од Путин, како стои пред фреската во катедралата и додека држи свеќа си ја гризе усната. До него се гледа круна.
Потоа на неа се гледаат свештеници, а зад нив е дел од фреската со круната, но го нема Путин. Потоа следи снимка на која Путин стои покрај круната.
🧵 RUSSIAN PROPAGANDA FAKE: Easter on Russian State TV. Putin was too much of a coward to be present in the church during the actual event. Pre-recorded footage of him added in, and quite poorly. He is missing next to the painting of a crown on a red table on the wall. pic.twitter.com/udLKxKeuov
— Igor Sushko (@igorsushko) April 24, 2022
И во двете снимки, градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин стои до Путин. Некои коментираат дека бојата на неговата вратоврска е различна на двете снимки. На едната е црна, а на другата црвена. Засега не е јасно кога е видеото направено и дали е автентично.
За потсетување, претходно руските медиуми објавија видео од Путин како држи свеќа за време на полноќната литургија.на велигденската литургија на Руската православна црква.
Путин присуствуваше на полноќна велигденска миса во храмот на Христос Спасител во Москва