(Видео) Рибар најде дел од малезискиот авион кој исчезна во 2014, вештаците сметаат дека пилотот намерно го срушил

Несреќата со исчезнатиот патнички авион MH370 „Боингот 777“, на „Малезија Ерлајнс“ која стана една од најголемите мистерии, повторно е главна тема во светските медиуми.

Најновата вест е дека пред 25 дена, рибар од Мадагаскар наишол на дел од трупот во океанот. Станува збор за вратата од делот за опрема за слетување. Вештаците кои дошле до новите докази, сметаат дека пилотот намерно се обидел брзо да го уништи и потопи во океанот.

Тие утврдиле дека опремата за слетување ја активирал во последните моменти пред да се срушат. Ова сугерира дека намерата му била да го сруши, пишува во новиот извештај, а пренесе британски „Мирор“.

Вештаците се сомневаат и дека дупките во внатрешниот дел на авионот се направени од моторите кои експлодирале. Тврдат дека и опремата за слетување била во функција кога авионот удрил на површината на Индискиот океан, а тоа јасно покажува какви му биле намерите на пилотот.

Доколку патничкиот авион бил принуден да изврши итно слетување на вода, пилотите се обучени да не ги активираат тркалата за слетување и со мала брзина да имаат контролиран пад на леталото.

Според траекторијата по која се движел рибарот и ги нашол доказите, експертите веруваат дека тие биле активирани кога авионот паднал во јужниот дел на Индискиот Океан.

Со други зборови, не го подготвил леталото за принудно и итно слетување. Со намерното извлекување на задната опрема за слетување, многу е веројатно дека еден од пилотите предизвикал итно распаѓање на трупот.

Тоа ги зголемило шансите за авионот и брзо да потоне. Комбинацијата на удари со голема брзина како и активираната опрема за слетување со цел брзо да биде уништен и потопен авионот, ја покажува јасната намера на пилотите да ги прикријат доказите за падот“, навеле вештаците, а пренесе „Мирор“.

За потсетување, малезискиот авион исчезна на 8 март во 2014 година, а во несреќата загинаа 239 патници со екипажот. Експертите уште на почетокот на 2022 година со помош на софистицирана радио-технологија успеаа отприлика да го откријат местото во Индискиот океан каде се срушил.

Откривајќи ја и неговата необична траекторија се сомневаа дека бил и следен. Уште од почетокот кога исчезна авионот, во јавноста се ширеа голем број теории, а најчеста беше дека пилотот Захариј Ахмад Шах намерно ја предизвикал несреќата.

Оние кои веруваат во ова тврдеа уште тогаш дека киднапери го превземале малезискиот боинг кој на 8 март полета од Куала Лампур во Малезија кон Пекинг. Имаше и такви кои веруваа дека пилотот слетал во некоја од базите на териториите кои се наоѓале под контрола на талибанците.

Се шпекулираше дека слетал некаде на северот на Пакистан во близина на границата со Авганистан. Тоа беше и причина за да се направи детална истрага за минатото на пилотот Шах и неговиот копилот Фарик Абдул Хамид.

Scroll to Top