(Видео) Роџер Вотерс го прекина концертот како протест за нападите во Сирија

Британскиот музичар Роџер Вотерс, легенарниот член на групата Пинк Флојд, ја критикуваше контроверзната сириска организација Бели шлемови.

Од големиот број извештаи и сведоштва од теренот, Бели шлемови, не им помогнале на обичините граѓани, туку само на терористите. Неодамна истите биле фатени како снимаат лажен напад под лажно знаме, заедно со филмска екипа и статисти.

Документарниот филм на оваа организација добил Оскар за најдобар краток документарен филм и очигледно е дека зад оваа организација стои американскиот естаблишмент, масовните медиуми, па дури и целата Холивудска елита.

Ватерс на концертот во Барселона оценил дека Бели шлемови постои само за да шири пропаганда за џихадистите и терористите.

Тој ја осуди оваа организација затоа што поради нејзините извештаи, САД, Велика Британија и Франција ги изведоа ракетните напади во Сирија. Недела дена претходно, оваа група објавила фотографии за кои тврдела дека ги прикажуваат последиците од наводниот хемиски напад на сириските власти во град во близина на Дамаск.

Тој пред публиката во Барселона изјавил дека од него било побарано да се изјасни што мисли за хемискиот напад. Пејачот објаснил дека имал целосно различно мислење за ситуација во Сирија од лицето кое барало од него да се изјасни по оваа тема.

„Бели шлемови се лажна организација која постои за да шири пропаганда за џихадистите и терористите. Тоа е моето мислење“, изјавил Вотерс.

„Кога би ја слушале пропагандата на Бели шлемови и останатите, тогаш би почнале од нашите влади да бараме да фрлаат бомби над луѓето во Сирија. Тоа би било грешка од монументални размери за нас како човечки суштества“, изјавил Вотерс.

Музичарот изнел и поинаков предлог.

„Тоа што би требало да се направи е да ги убедиме нашите влади да не фрлаат повеќе бомби врз луѓето. Секако не пред да извршиме целосно истражување, за да имаме јасна идеја за тоа што навистина се случува. Живееме во свет во кој пропагандата е поважна од реалноста“, изјавил музичарот.

Ватерс ги повикал луѓето да ги надминат границите, религиите и нациите, за да планетата Земја стане подобро место за живеење.

 

Scroll to Top