Дали луѓето се поглупи од било кога претходно? Дали претходните генерации се ментално поостроумни од нас? Можбите сте се сомневале дека луѓето навистина се глупи веќе некое време, но сега ние всушност имаме научни докази дека тоа е така.
Како што ќе прочитате во продолжение, просечниот IQ пад на дел од населението во светот, па дури и резултатите од SAT тестовите кои се направени во САД, се во пад веќе неколку децении, а научниците открија дека нашите мозоци се повеќе се смалуваат со тек на времето.
Така, ако ви се чини дека можеби сте се разбудиле среде некој филм како „Idiocracy“, можеби нема да ви биде премногу криво. Многу работи кои ги ставаат во вашата „junk food“, не се добри за развојот на мозокот. Нашиот образовен систем е севкупна шега и повеќето луѓе се апсолутно зависни за безумна забава.
За среќа имаме технологија која помага во најголем дел на нашето размислување во денешното општество, затоа што ако мораме да зависиме од нашите ментални способности, повеќето од нас би биле во огромна невоља.
За жал, се чини дека тој феномен се шири низ целата планета. Како што неодамна во текстот на „Дејли Мејл“ се објаснува, IQ паѓа во цела Америка…
Ричард Лин, психологот на Универзитетот во Улстер, пресметал пад во „генетскиот потенцијал“.
Тој користел податоци за просечната IQ низ дел од светот во периодот од 1950 и 2000 година, и открил дека нашата колективна интелегенција паднала за еден IQ бод.
Доктор Лин, предвидува дека, ако овој тренд продолжи, може да изгубиме уште 1,3 IQ бодови до 2050 гоина.
Еден бод на IQ не звучи како многу, но ако се вратите во минатото, паѓањето станува многу повеќе од драматично. На пример, професор по психологија на Универзитетот во Амстердам, по име Јан Нијенхуис, пресметал дека сме изгубиле вкупно 14 IQ бодови во просек од викторијанската ера.
И не ни треба професор за да ни го каже тоа. Само вратете се и прочитајте некоја литература од тој временски период. Многу од тоа е напишано на така високо ниво, да едвај може да се разбере.
Тука се и многу други докази дека луѓето стануваат се поглупи. На пример, од резултатите SAT тестовите во САД, се гледа значителен пад во последните неколку години…
Се чини дека постои загрижувачки тренд во американските средни школи. Ако се суди според квалитетот на образованието, по оценките кои студентите ги добиваат на своите SAT тестови, тогаш се чини дека работите се влошуваат. Од 2006 година, вкупната просечна оценка на SAT тестот, паднала за 20 бодови, спуштајќи се од 1518 до 1498 година, па се до 2012. Резултатите исто така паѓаат во секоја од трите категории на испитаници, читањето паднало за 9 бодови, математиката за 4 бодови, пишувањето има пад од 9 бодови.
Ни говореа дека генерациите стануваат се попаметни, но што се случува?
И овој пад на резултатите на SAT тестовите, е само ограничен на изминатите неколку години. Следната таблица од Zero Hedgea покажува дека SAT резултатите паѓаат во Америка веќе со децении…
Постојат дури и некои научници кои се уверени дека падот на менталните способности кај луѓето, датира со илјадници години. Некои ја обвинуваат генетската мутација за овој пад, а други укажуваат на фактот дека нашите мозоци се се помали. На пример, само проверете што една студија спроведена на Универзитетот во Кембриџ заклучила…
Претходните истражувања на Универзитетот Кембриџ откриле дека човештвото се намалува значително.
Експертите велат дека луѓето во минатото биле на врвот и дека модерните луѓе 10% се помали и пократки од своите предци, ловци-собирачи.
А ако тоа не е доволно депресивно, нашите мозоци исто така се помали.
Доказите кои се пронајдени, ја порекнуваат мудроста за тоа дека луѓето се се поголеми и поголеми, уверение кое излегло од податоците за најновиот физички развој.
Падот, како што велат некои научници, се случил во текот на последните 1000 години. Тие ја обвинуваат економијата и наметнатата прехрана и урбанизација која ни го загрозува здравјето што довело и до ширење на болести.
Повеќето од нас денеска, само можат да претпостават дека луѓето се паметни како некогаш претходно.
Повеќето од нас денеска гледаат на нашите предци и се смејат затоа што биле така примитивни.
Но, вистината е дека ако тие сега се живи, и се натпреваруваме со нив во ментални предизвици, можеме да се најдеме во ситуација на ментално силно понижување.
Како што можете да видите, тестот бил далеку потежок од она што учениците од осмо одделение морале да го решат денеска. Всушност, повеќето ученици од осмо одделение имаат прилично добар успех, само ако тие можат да го покажат САД на крајот на светот.
Но, спеак според провокативната теорија на експерти, од Универзитетот Станфорд, луѓето почнале да ги губат своите интелектуални и емотивни способности, затоа што комплицираната мрежа на гени, која му дава моќ на човечкиот мозок, е подложна на мутација, а таа мутација не се искоренува во модерното друштво, затоа што интелегенцијата повеќе не е потребна за преживување.
Но, како што велат научниците, луѓето не треба да се грижат поради губитокот на моќ на интелегентно размислување, затоа што, додека дојде до моментот, кога тоа ќе стане сериозен проблем, луѓето со помош на технологијата ќе направат природна селекција на апсолутно непотребното.
„Развојот на интелектуалната способност и оптимизација на илјадници гени најверојатно се случила во малите групи пред да нашите претци да заминат од Африка“, изјавил доктор Гералд Црабтри, лидерот на истражувањето.
Во такво опкружување, интелегенцијата била неопходна за преживување, и настанал голем селективен притисок на гените клучни за интелектуалниот развој, што довело до врвот на интелектуалниот код кај луѓето. Но, потоа почнала деградацијата. Со развојот на агрикултурата дошло до урбанизмот, кој ја намалил моќта на природната селекција да ја уништи целата мутација која води до интелектуални неспособности.
Базирајќи се на зачестеноста според која штетната мутација се појавува кај луѓето, тој пресметал дека за околу 3000 години секоја личност ќе има најмалку две мутации штетни за интелегенцијата и емотивната стабилност. Но, исто така тој верува дека идните луѓе, со секој брз развој на технологија, најверојатно ќе го пронајдат решението за тој проблем, пренесува „Дејли Мејл“.
„Мислам дека на нас ни е позната секоја од неколкуте милиони мутации кои можат да ја намалат интелектуалната способност. Верувам дека луѓето во иднина ќе можат да ја „поправат“ мутацијата која се буди во клетките. Поради тоа процесот на природна селекција ќе стане апсолутно непотребен“, изјави Црабтри.
Така да што мислите вие за сето ова?
Верувате ли дека луѓето навистина стануваат се поглупи?