(Видео) Сопругата на кумот на Путин, побара од рускиот претседател да помогне во ослободување на нејзиниот сопруг кој е заробен од Украинците

Оскана Марченко, сопругата на украинскиот политичар Виктор Мадведчук, кој е притворен во Украина, го замоли рускиот претседател Владимир Путин да помогне во размената и ослободувањето на нејзиниот сопруг. Таа објави и видео во кое му се обраќа лично на Путин.

„Почитуван Владимир Владимировиќ Путин. Апелирам до вас за помош и размена на мојот сопруг, кого властите во Киев незаконски го притворија од политички причини. Виктор даде согласност за размена и испорачување во Руската Федерација во случај украинската и руската страна постигнат договор“, рече таа.

За потсетување, како што претгодно пренесе Strana.ua, судот во Лавов ја промени првичната одлука и Виктор Медвевчук беше уапсен без можност за кауција.

Украинските агенти го фатија Медвечук во вторникот кога се обидуваше да побегне во Русија. Тој беше во домашен притвор поради сомнеж за предавство, но побегна кога Русија изврши инвазија на крајот на февруари. Медвечук кој ја предводеше партијата Опозициона платформа – За живот, која се залагаше за блиски врски со Русија, беше уапсен минатата година под обвинение за предавство и финансирање на тероризам.

Scroll to Top