(Видео) Спасувањето траело повеќе од половина час: Делфин спасен од рибарска мрежа кај Крк

Лоријана Галуниќ и Бобо Жуговиќ долго ќе го паметат пловењето од пред неколку дена. Тие тргнале од Крк кон Црес, кога виделе млад делфин во морето кој бил фатен во рибарска мрежа. Кога го виделе, делфинот бил целосно исцрпен од обидот да се ослободи, па веднаш се фатиле за работа и го спасиле од сигурна смрт, објавува порталот Bodulija.net.

„Веднаш почнавме да го спасуваме младиот делфин, кој беше многу уморен и видовме крв на опашката. Одмотувањето на јажето траеше повеќе од половина час“, раскажал Жуговиќ.

Тој кажал како делфинот ги исплашил бидејќи не се помрднал кога го пуштиле, па мислеле дека умрел од исцрпеност:

„Кога успеавме да го ослободиме, полека отплива метар и половина и застана. Сите мислевме дека умрел од исцрпеност.“

Но, за среќа, приказната имаше среќен крај.

„Сепак, по две минути, додека ја собираше својата сила, се сврте кон нас, нè погледна како да ни се заблагодарува и се нурна во својата слобода, во морските длабочини“, додаде Жуговиќ.

Scroll to Top