Во Швајцарија се одржува четиридневниот состанок зад затворени врати на најконтроверзната тајна организација во светот, „Билдербершката група“. На состанокот во луксузниот хотелски комплекс во Монтре се поканети 130 политички лидери и високи претставници од индустријата, финансиите, академијата и медиумската сфера.
Теоретичарите на заговор коментираат на социјалните мрежи дека овој состанок го нема на ниту еден медиум, ниту е можно да се прочита извештај за конференцијата. Состанокот е забранет за сите новинари.
Би-би-си на српски јавно прашува дали оваа група и нејзините членови се собираат за да зборуваат само на отворен и опуштен начин или тоа е, како што тврдат нејзините најголеми критичари, затворена група на луѓе кои сакаат да ја срушат глобалната демократија.
Теоретичарите ја обвинуваат „Билдербершката група“ за тенденциозни предизвикувања финансиски кризи, до планирано убиство на 80% од светската популација. Меѓу годинешните учесници од САД во оваа група учество ќе земе и Џаред Кушнер, зетот на претседателот на САД, Доналд Трамп.
На состанокот ќе се појават и извршниот директор на „Мајкрософт“, Сатиј Надел, поранешниот претседател на „Гугл“, Ерик Шмит, милијардерот и основач на „Пејпл“, Питер Тил, и поранешниот државен секретар на САД, Хенри Кисинџер.
Првиот состанок на оваа група е одржан во 1954 година. Состанокот имал за цел да ги зацврсти врските меѓу Америка и Европа и да спречи нов глобален конфликт по Втората светска војна.
„Нејзините методи отсекогаш биле тајни. Немаат покането новинари, не испраќаат соопштенија по состанокот, а организацијата има интернет-страница која изгледа како да е дизајнирана во 1990 година“, пишува Би-би-си.
И покрај тоа што оваа група многу наликува на приватен клуб на негатици од филмовите со Џејмс Бонд, мејнстрим-коментаторите тврдат дека истата е многу помалку злобна отколку што на прв поглед изгледа.
Следбениците велат дека нејзината таинственост им овозможува на луѓето отворено да ја зборуваат вистината, а да не мораат да се грижат за тоа каков ќе биде политичкиот ефект од она што ќе го кажа, или како истото ќе биде спинувано од страна на медиумите.
Дејвид Ароновиќ, колумнист за весниците на „Тајм“ во Велика Британија, смета дека стравот од Билдерберг е смешен. Тој вели дека оваа група претставува само повремен клуб за богати и моќни луѓе.
Би-би-си на српски јазик не го дели неговото мислење и пишува дека оваа група на луѓе поседува огромна моќ. Професорот Ендрју Какабадс, кој е автор на книгата „Билдербершките луѓе“, вели дека теоретичарите на заговор можеби понекогаш претеруваат во своите ставови, но во суштина се во право.
Групата, како што наведува, поседува моќ што го надминува и Светскиот економски форум, кој се состанува во Давос. Без никаква транспарентност, луѓето со право се загрижени поради нејзиното влијание, смета Ендрју. Тие го обликуваат начинот на размислување, правејќи работите да изгледаат како да не постои алтернатива.
Темата на разговорот е да се донесе консензус околу слободниот западен пазарен капитализам и неговиот интерес ширум планетата. Ендрју смета дека состанокот води кон идејата за владеење со светот. Постојат многу иницијативи дека со светот управува една влада обликувана според слободниот западен пазарен капитализам.
Целта на групата е да направи политичка елита и од левицата и од десницата. Да ги остави да се здружат во опуштено, луксузно опкружување со деловни лидери и да остави слободно да разменуваат идеи, пишува Би-би-си на српски.