(ВИДЕО) Торнадо ги преплаши жителите на пелагониско

Жителите од пелагонскиот регион, имаа можност да просведочат на појава на огромно торнадо. Ова се снимките и сведоштвата кои ни ги пратија, ексклузивно за Репортер.
Видеото е направено од жители на Врбоец, во општина Крушево, оддалеченост од околу 20 километри од местото на снимање, а снимката е направена со мобилен телефон и затоа не е доволно јасна, но во живот, како што велат сведоците е далеку поголема од оваа на снимката. Еве дел од сведоштвата:
„Торнадото беше забележано во близина на селото Заполжани, прилепско, со висина од околу 2000 метри, и почна да се создава од земјата, па да се спои со облаците, наоколу имаше многу интезивни грмежи, и траеше околу пет минути, по што истото исчезнало. Снимката е направена нешто подоцна, за време на исчезнувањето, што значи беше многу пообемно, се гледаше голема прашина околу него од земјата па нагоре, и се создаде голем вртлог создаден од прашина и облаци, и се движеше со голема брзина, со обем околу 70 до 100 метри“, велат дел од очевидците.
„Ова не е прв пат да биде забележано, но за прв пат е со толакв интезитет да се протега од земјата и во облаците. Нешто слично се има случено над Кривогаштани, но тогаш не се поврза со земјата, туку настана над куќите, по што по кратко време исчезна. Овој пат голема беше паниката меѓу нас иако беше доста далеку, и се надевавме дека нема да мине низ населено место, но доколку дојдете на тоа место, сигурно ќе има некакви траги“, велат очевидците.

https://youtu.be/D9nx_IU5rXw

Scroll to Top