Шефот на иранската нуклеарна програма за вооружување, Мохсен Фахризад, е убиен денес во близина на Техеран, пренесува „Ројтерс“.
Фахризад починал во болница каде бил пренесен, потврдиле од иранското Министерство за одбрана. Тие нападот на научникот го нарекле терористички акт.
Првите информации кои стигнале, биле дека тој бил убиен, но новинската агенција „Фарс“, навела дека тој бил префрлен во болницата во Техеран, каде им подлегнал на повредите.
Неколку ирански медиуми пренесоа дека тој бил убиен, но немало никакви официјални информации и потврда од иранските власти.
Iran State media footage of the scene where they claim the most crucial figure in Iran’s nuclear program, Mohsen Fakhrizadeh, was assassinated. Iran Atomic agency still hasn’t confirmed #Fakhrizadeh pic.twitter.com/mQ0zwT836l
— President Elect Potkin Azarmehr (@potkazar) November 27, 2020
Од агенцијата за нуклеарна енергија во Техеран, изјавиле дека не се случил никаков инцидент кој влијаел на нивниот научник.
Докторот Мохсен Фахризад, професор по физика и офицер во Иранската револуционерна гарда, бил означен од страна на премиерот на Израел, Бенџамин Нетанијаху, за директор на нуклеарната програма за вооружување“, пренсе весникот Times of Izrael.