(видео) Вонземски објект скриен во пирамида во Египет

Научниците веруваат дека престолот на египетскиот фараон Куфу, претставува пештера направена од јадрото на метеор што паднал на Земјата пред илјадници години.

Џулио Магри, професор на универзитетот по археоастрономија во Милано, верува дека овој објект е изделкан од железо, но железо од метеор, не од Земјата, кој паднал од небото.

„Се разбира, не може да биде направено од топено железо, туку од железо од метеор, кое паднало од небото“, вели Магри.

„Во откриените пишани текстови се вели дека фараонот пред да стигне до ѕвездите на север ќе мора да мине низ портите на небото и да седне во неговиот престол направен од железо“, објаснува Магри.

Магри верува дека овој престол е сличен на оној како на кралицата Хетеферес, неговата мајка, но наместо од злато, тој е направен од железна конструкција од метеор.

Додека доктор Магри признава дека засега станува збор само за теорија, експертите продолжуваат да копаат по мистеријата на античката структура.

Тајните што ги крие оваа пештера може да решат многу од античките светски мистерии вклучувајќи го и тоа зошто оваа градба воопшто била изградена.

Француските истражувачи од Институтот „Инира“ и CNRS сега работат на производство на робот кој треба да мине низ непознатите тесни пештерски канали и да истражува.

 

 

Scroll to Top