(Видео) Зградите во Турција се рекламираат како безбедни иако не се изградени по пропис

По силниот земјотрес во Турција, многумина на социјалните мрежи прашуваат зошто некои од зградите се срушија како кули од карти. Многумина сметаат дека лошата градба и непочитувањето на прописите допринесе за поголема катастрофа и доведе до рушење на огромен број стамбени згради.

На интернет се споделуваат видеа од голем број куќи и повеќекатници кои се рушат како од шега, особено некои од новоизградените. Неодамна изградениот солитер во турска Малатија се сруши за само неколку секунди.

 

Да биде работата полоша, минатата година се пуштаа и реклами во кои се зборува за безбедноста на зградите и нивната изградба која била во согласност со прописите, дека биле користени материјали од прва класа. Овие реклами повеќе ги нема, но сепак поедини корисници успеале да ги сочуваат и да ги објават на „Твитер“.

Уште еден неодамна изграден стамбен блок, значително е оштетен во крајбрежниот град Искендерун. Стамбената зграда од 12 катови и 250 станови, кој претставува како рајски кварт, во целост е срушен во турскиот град Хатај, по силниот земјотрес. Се верува дека под рушевините има околу 800 жртви.

Иако земјотресите кои на 6. февруари ги погодија Турција и Сирија беа многу силни, експертите велат дека зградите можеле да издржат ако биле правилно изградени.

„Интезитетот беше огромен, но не до толку за да ги сруши стабилните згради“, рече Дејвид Александер, професор за планирање во итни случаи и менаџмент на Универзитетскиот колеџ во Лондон.

„Во повеќето места се тресеше помалку од максимумот, така што може да се заклучи на основа на илјада срушени објекти дека не биле изградени во рамки на прописите, особено кога станува збор за отпорност на земјотресите“, додаде тој.

Градежните прописи во последните години се построги, особено по претходните катастрофи. Структурата на безбедносните стандарди се воведени по земјотресот во 1999 година, кога загинаа 17.000 луѓе. Според најновите правила, регионите подложни на земјотреси треба да користат бетон со висок квалитет со челична арматура.

Столбовите и гредите мораат да бидат рамномерно распоредени за ефикасно го издржат влијанието на потресот. Сепак сето тоа лошо се спроведува во пракса.

Владата дури давала повремени граѓански аменстии, ги ослободувала фирмите од плаќање даноци за објекти изградени без потребни сертификати. Таквите дозволи се издавале уште од шеесетите, а последен пример бил во 2018 година.

Критичарите долго време предупредуваат дека со ова се ризикува катастрофа во случај на земјотрес. Околу 75.000 згради во областите погодени од земјотрес, на југот на Турција, добија амнестија, пренесе „Би-би-си“. Геологот Целал Сенгор смета дека ваквата пракса е еднаква на злостор.

Само неколку дена пред земјотресот турските медиуми објавија дека се подготвува нов предлог-закон за кој се чека одобрение од парламентот, со кој на неодамнешните градби ќе им се даде таканаречена амнестија.

По земјотресот кој го погоди Измир во 2020 година, медиумите пренесоа дека 672.000 згради ќе бидат иземени од плаќање на данок, односно од набавување на потребните граѓански дозволи. Тогаш е наведено дека според податоците на Министерството за урбанизам и животна средина, во 2018 година, повеќе од 50 % од зградите во Турција не биле изградени во согласност со прописите. Тоа се околу 13 милиони објекти.

Министерството по неодамнешниот земјотрес им пренесе на „Би-би-си“, дека ниту една зграда која е изградена под нејзин надѕор не е срушена.

Scroll to Top