(Видео) Жена тврди дека е ќерка на Мерилин Монро и Џон Кенеди, ако ДНК се покаже точна, ќе добие 100 милиони долари

Гледис Бејкер Морис тврди дека е ќерка на Мерлин Монро и Џон Кенеди, а ако се потврди ДНК анализата, би можела да добие 100 милиони долари. Дека е ќерка на американската глумица и поранешниот американски претседател дознала од братучетката на Монро, Мередит Бејкер со која израснала.

Мередит во март 2014 година, на нејзината смртна постела ѝ признала на Морис дека е посвоена и дека вистинските родители и се Мерлин Монро и Џон Кенеди.

Двајцата наводно имале љубовна романса за која малкумина знаеле, а еден од нив е и гинекологот на глумицата кој тврдел дека по два абортура во јуни 1961 година, родила ќерка. Морис покренала и судска постапка за да докаже дека е нивна ќерка.

„Мередит ми рече дека Мерлин се плашела дека браќата Кенеди ќе ја убијат и неа и детето ако дознаат за бременоста. Се породи во тајност и брзо потоа ме сокри кај Мередит“, рече Гладис.

Откако ги нашла документите дека е посвоена, Гладис почнала со процесот за докажување на роднинската врска со Мерлин и Кенеди. Доколку ДНК покаже дека таа им е ќерка, може да добие 100 милиони долари колку што се проценува и богатството на глумицата, кое од година во година се зголемува за пет милиони.

Бројни светски медиуми пренесоа за веста за наследниците на Мерлин Монро и Џон Кенеди, но голем број од нив само го тврдат она што е познато за Мерлин. Дека се мажела трипати, прво за Џејмс Доерти, потоа за бејзбол играчот Џо Ди Маџио и Артур Милер. Но, Мерлин со ниту еден од нив немала деца.

Познато е дека неколку пати била бремена, што е документирано во медицински извештаи. Двапати имала абортус, додека една бременост била ектобична, поради што имала интервенција.

За потсетување, гласинтие за наводните наследници повторно станаа актуелни, по премиерата на филмот „Русокоса“, во кој слваната Мерлин ја игра Ана де Армас, во кој е прикажано како морала да направи абортус по наводната љубовна афера.

 

Scroll to Top