(Видео) Жителите на Тексас се исплашија кога виделе риби како паѓаат од небото

Жителите во градот Тексаркана во Тексас, се исплашија кога видоа како од небото почнаа да паѓаат риби. Жителите велат дека од надвор се слушал чуден звук, откако силна бура го зафатила градот кој се наоѓал во истичниот дел на Тексас.

„Кога со колегата видовме што се случува надвор, ги видовме рибите како паѓаат на улица. Се слушаа грмотевици и кога ја отворивме вратата и фрливме поглед, паѓаше силен дожд, а со него и риби. Колегата на почетокот не ми веруваше, но, рибите беа насекаде“, рече Џејмс Аудирш.

Некои од граѓаните рекоа дека виделе само неколку риби, додека други велат дека имало десетици низ улиците.

Експертите објаснуваат дека ова е редок и бизарен феномен, но се случува во места кои се погодени од силно невреме, па понекогаш бурите носат со себе разни работи, како што се и рибите.

Scroll to Top