(Видео) Жонглер ги анимира возачите во Аеродром додека чекаат на семафор

Млад жонглер ги забуваше граѓаните кои чекаат на семафор во скопски Аеродром.

Момчето, по кусиот настап, ненаметливо се повлекува и не им бара пари на возачите, како многумина други кои го користат моментот додека возачите чекаат да светне зелено. По маестралната точка, дел од граѓаните сепак го наградија жонглерот со скромни парични средства.

Попладнево беше на булеварот Трета македонска бригада. Кога ќе светне зелено светло, тој се повлекува на паркингот покрај семафорите и таму жонглира. Оди на други крстосници во населбата Аеродром и секаде им измамува насмевки на возачите.

Scroll to Top