За нешто помалку од две децении долгата историја на психијатријата, психијатрите, сеуште не успеваат да ја дефинираат и да се договорат за тоа што всушност е психичкото пореметување, и на основа на кои критериуми тоа со сигурност можете да го утврдиме. Кои се тие пореметувања, и во колкав број ги има, колку психијатри и во колкав број се занимаваат со луѓето со таквите пореметувања, и дали навистина истите тие можат да им помогнат на пациентите?
Психијатрите се лекари, но не како и сите други. Им се допаднала професијата која не била ништо претходно, им се допаднале луѓето, кои, претходно ниту ги знаеле, ниту пак знаеле што им фали. Психијатријата ги третира луѓето со психичко внатрешно нарушување, ваквите и таквите концептуализации, со цел да им „помогнат“ и „излечат“, а потоа на секои триесет години го напуштаат тој концептуален оквир и изградуваат нов.
Тоа се причините поради кои психијатријата и понатаму го задржува статусот на псевдонаука. Таа, всушност, ви се презентира како наука, а нејзините алатки уште немаат достапна научна втемеленост. Но, повторно психијатријата е псевдонаука, речено во најдобра смисла на зборот. Во онаа смисла, во која и многуте од денешните науки, настанале од своите псевдонауки, претходници (како хемијата од алкемијата, астрономијата од астрологијата и слично).
Психијатријата е „млада“, „незрела“ и „слаба“, медицинска наука, која и баш тие не сакаат јавно да признаат. А кога ќе се спомене дека е псевдонаука, тоа всушност подразбира дека е во преднаучна фаза, психијатријата редовно се очитува како напад на самата себе си (што е дополнителна потврда на нејзината незрелост).
Психијатријата, денеска се наоѓа онаму каде што се наоѓаат и останатите гранки на медицината, било да е тоа пред повеќе од стотина години: во фаза на дефинирање на пореметувањето, кое се утврдува низ синдромите, односно знаците за кои се претпоставува дека се јавуваат кај пациентите, а за жал, не се третираат нивните предизвикувачи или патофизиолошки механизми на настанување.
Во споредба со останатите гранки на медицината, психијатријата е значително неразвиена. Како наука, таа настанува подоцна во 19 век, а потоа се развива со забавено темпо. Психопатолошките феномени кое се именувани во деветнаесетиот век, па уште и во 21, не можат да се развиваат во валидно дијагностички категории на болести, и истите и понатаму егзистираат како синдроми. Неуронауката засега не успеа да пронајде ниту еден патогномички биомаркер, со кој би се докажало дека лицата со пореметено здравје, се разликуваат од оние кои истото го немаат.
Психијатријата и понатаму е агент на социјална контрола и многу секвенци на однесување, кои не се наведени во потесната смисла на зборот, како на пример здравствените, туку повеќе во смисла на зборот, како социјално загрозени, репресивно ги санкционира со постапки на мерка на лечење. Ние и понатаму присилно ги задржуваме, присилно ги лечиме пациентите, спроведуваме судско изрекување на мерки на лечење, и многу од нашите пациенти избегнуваат потешки казнени санкции и ги заменуваат со полесни.
Ние, како психијатри, не сме баш омилени, ниту пак сме меѓу омилените, ниту пак меѓу оние стручните, но сме неопходни и важни. Сoгласно на онаа народната „На оној кој е луд, подобро не му биди пријател“, повеќе од пациентите се плашат од нас, отколку што не ценат. Нашите азилски улоги, чувањето и грижата на ментално пореметеното друштво, не сака да се одречат од нас, и покрај тоа што без нашите услуги и тоа како би можело светот да продолжи.
Психијатриската експертност до ден денешен е слаба: Прво, дијагнозата на психичко пореметување се поставува со разговор и набљудување, без специфични дијагностички тестови: Второ, болеста мора да биде во подоцнежна фаза, тоа е во развиен облик, за да би се поставила нејзината дијагноза; трето, прогнозата, исходот на психичото пореметување е слабо и ниско; четврто, причините за болеста не се познати; петто, превенцијата на пореметувањето е неразвиено; и шесто, лечењето е во тек на ниво на грубо отстранување на симптомите, и тоа со спроведениот метод на обид и грешки.
А дека во нашата дејност нешто не е во ред, упатува и на фактот на постоење на антипсихијатри и критички психијатри, додека во другите медицински гранки како на пример да речеме не постои антипедијатри, антихирургија, ниту пак гинекологијата е критична самата кон себе. За жал, психијатријата секогаш не успеала конструктивно да одговори на сите предизвикувачки контроверзи, кои уште во раните седумдесети, од минатиот век, упатуваа на антипсихијатрија.
Таа и претходно ги игнорираше и ги потиснуваше, наместо да ги решава.
Да речеме декретот преку ноќ на укинување на ваква конципирана психијатриска здравствена заштита, сигурно дека на дел од нејзините корисници, на долгорочен план, би им било полошо, но за жал, на значителен дел на корисниците на нашите услуги би им било подобро. Исто така да речеме дека преку ноќ да се укине хирургијата како медицинска гранка. На повеќето корисници на хируршките здравствени услуги би им било полошо, на помал број би им било сеедно, а практично на никого не би му било подобро. Наведеното говори за експертноста и влијанието на една и друга струка.
Во таа смисла на зборот, незрело се очекува да психијатријата може да го лечи своето пореметување, во што се надевам дека некој верува во тоа (што не значи дека психичкото пореметување не минува. За жал, не поради нас, туку поради самите од себе).
Тешко е да се меннуваат како нормалните, така и ненормалните луѓе. До психијатријата е да ги подучи луѓето како да живеат со пореметувањето, или во подобра опција да го забрза, олесне, и создаде услови за самоиницијално психичко пореметување. Наведеното не е така бедно, и малку како што се чини, ниту пак е така лесно како што се чини.
Внимавајте, мене лично, длабоко ми е жал за тоа што сум психијатар.
И јас, како и остантите лекари сме учеле, сме се јавувале од првата клупа, редевме „петки“, и будалесто посакувавме да бидеме лекари, на кои на научен начин ќе им помагаме на луѓето кои се во невоља. Ние, психијатрите минавме еднакво шкување како и нашите колеги од другите медицински области, а повторно нашата судбина е поинаква од нивната.
Нашата струка е „млада“, „слаба“, и „мека“, нашите пациенти се помалку вредни во однос на пациентите од останатите гранки на медицината, а ние сме помалку вредни лекари во однос на останатите лекари. Лично не сум виновен што стигнав до тука: да кон луѓето со сериозни проблеми, одговорно настапам, од така слаба позиција, од позиција на психијатриска струка.
Им завидувам на колегите од другите медицински облсати, им завидувам на нивната струка „појака“, „потврда“, научно втемелена, согласно на она што се вели „вистински доктор“, а мојата струка е ненаучна и произволна. Бидејќу сум „теле“, си дадов труд, си ги прочитав сите работи што ми ги дале, далеку над нивото на доктрините: од Хераклит и Парменида до Хегел и Хеидегер, но многустручноста не ме научи на ништо.
Психијатрите како мене, кои критички се осврнуваат на психијатријата, го работат тоа затоа што многу повеќе ја сакаат дејноста, и луѓето за кои се грижат, баш како и родителите кои критички се осврнуваат на своите деца. Всушност зошто сите се чувствуваат виновни, ако укажеме дека нешто не е во ред? Зошто не би смееле да признаеме дека во речиси, два века историја, нашата дејност доминантно зависи од нашите заблуди?
Сметам дека психијатријата досега премногу агилно ја работела својата работа, па е време да малку и се промисли: што е тоа што всушност го работела, по чие наговорување и по чиј автоматизам. Свесен дека потешко е да се погледне во неа без многу одмор, над целиот тој направен напор низ годините, што нашата дејност вложила во лицата со психичко патење. Тоа е нужно да се направи, кога резултатите ни се така слаби.
Понекогаш тоа може да биде еден, а понекогаш тим од експерти, затоа што дејоноста се расфрлала од спиртуалноста до неурогенетиката и потребна е исклучителна образовност и зрелост да се одреди како целина, за да се каже што е право, а што криво, и како и каде понатаму. Од друга страна, не верувам дека внатре во историската поделба на картите, некој друг би ја направил таа работа подобро од самата психијатрија и ние психијатрите.
А таканаречениот „повраток на психијатриската медицина“, без оглед што и лично сум загрижен медицинар, ова го сметам како пречка и за психијатријата и за медицината. Психијатријата имено, нема што „да и се враќа на медицината“: таа е дел од медицината.
Односно, се третира како можна помош на луѓето, кои се во состојба на душевно патење, а дури може да се гледа и повеќе од ефективна помош, но тогаш тоа повеќе не е психијатрија.
Но, не сум јас глуп, и знам што подразбира под темелно добронамерна крилатица, „враќање на психијатриската медицина“, нешто на кое што на крај на краиштата и самиот тежнеам, но ова што неодамна е изведено, нема врска ни со мозокот ни со научно втемелената современа медицина.
Имено, на медицината не им треба психијатрија, како псевдонаука, ниту психијатрија која на долгорочен план, ќе си игра со медицината, ќе ја турка таму каде што не и е местото, ќе прави се, иако за тоа нема медицинско научно покритие, ќе се однесува како дете, кое без покритие, сака да биде третирано како возрасна личност. Така тешко е да се издржи фактичката состојба дека психијатријата е незрела и слаба дејност, дека не може да биде тоа што е и тоа што не е, но тоа е единствениот начин да навистина бидеме тоа што сакаме да бидеме.
Затоа што единствено така психијатријата ќе престане да биде дејност која на секои триесет години ќе ги менува темелите на пардигмата, разбирањата за самата себе си и лицата кои настојува да им помогне. А денеска тоа повторно се случува низ омразата на работата на нашите претходници. Тоа што тие го работеле се тврди, дека е застарено, и засновано на предрасуди. Истовремено, се наметна величењето на себе си во современите „достигнувања“ на дејноста како модерна (псевдо)наука, која ни ги дава конечните и вистински одговори.
Тој маневар е типичен, веќе виден и стандардно погрешен, и во него не би имало поголемо зло, поради тоа што психијатријата се сведува само на просто теоретизирање за психопатологијата. Ако во тој случај покојот на теориската поставка се испостави како погрешен, ќе мора едноставно со време, да се искорени и да се замени со друга. Но, за жал, нашите грешки имаат практично масовни и погубни последици по луѓето кои ни се обраќаат за помош. Психијатријата имено веќе повеќе од 150 години со своите наивни концептуализации повеќе ги мачи луѓето отколку што им помага.
Со целосна лекарска одговорност ги советувам сите психијатри како мене, или кои сакаат да станат во иднина, уште еднаш добро да размислат. Затоа што ние психијатрите, на пациентите ретко им помагаме. Вистина, понекогаш им помагаме, но во повеќето случаи им наштетуваме. Затоа, како што стојат работите, во нашата дејност, се држам до идејата дека баш и не е најпаметна идејата, да бараме психијатриска помош, освен ако баш не станува збор за тешки облици на психолошко патење.