Тим чешки научници го откри најголемото подземно термално езеро на светот во Албанија, објавија чешките медиуми, пренесува Anadolu.
Откритието дојде по долгогодишно истражување предводено од чешкиот спелеолог Марек Ауди, кој се сомневаше во постоењето на скриен систем на термални пештери во јужниот албански регион Вромонер, објави Радио Прага.
Додека ја мапираа областа, во близина на грчката граница, и ја следеа пареата од бројните топли извори, научниците открија бездна длабока 100 метри.
На дното пронашле езеро, долго 138 метри и широко 42 метри.
Со обем од 345 метри, езерото може да собере приближно три пати поголем волумен на вода како главната сала на Националниот театар во Прага.
Научниците велат дека сега знаат дека околните топли извори се хранат со вода од подземно езеро.
„Веруваме дека ова откритие би можело да придонесе и за заштита на целата област и подобро разбирање на нејзината хидрологија, бидејќи до денес никој не знае точно како овие подземни води се поврзани со површината“, рече членот на тимот Ричард Бад, фотограф и спелеолог.