Во Баварија годинава бројот на силувања од мигрантите зголемен за 91%

Бројот на случаи на силувања во германската покраина Баварија пораснал за 48 проценти, а бројот на силувања кои се однесуваат исклучиво на мигрантите пораснал за 91%.

Баварија се соочува со драстичен пораст на бројот на силувања до крајот на 2016 година, а пријавени се дури 685 случаи на силувања од страна на полицијата во периодот од јануари до јули оваа година, што претставува пораст од дури 48%, пишува „Breitbart.com“.

Мигрантите се обвинети за 126 силувања во истиот период, речиси двојно повеќе од бројот на силувања во 2016 година, што значи дека мигрантите се одговорни за речиси еден на секои пет случаи на силувања, велат од германскиот весник „Билд“.

Министерот за внатрешни работи на Баварија, Јоахим Херман, член на Христијанско-социјалната унија (CSU), кој е поврзан со германската канцеларка Ангела Меркел од Христијанската демократска унија (CDU), изјавил дека причините за зголемување на бројот на силувања биле нејасни.

Министерот за внатрешни работи изјави дека повеќе треба да се фокусира на начинот на толкување на статистиката ветувајќи „уште поголема броба против сексуалните казнени дела, дури и во центрите за азил“.

Двата неодамнешни случаи ги наполнија насловните страници на весниците во Баварија, каде две жени биле силувани на отворен простор. Едно силување вклучувало 28-годишна жена во Минхен, која се движела кон салата „Феирверк“ била одвлечена во паркот од страна на непознат маж кој подоцна ја силувал.

Во вториот случај, претходно истата недела, млада жена била силувана додека трчала крај езерото Симсе во близина на Росенхеим.

34-годишен барател на азил од Нигерија, на кого не му бил одобрен, подоцна бил уапсен од страна на полицијата како осомничен. Г. Херман исто така повикал на „ефективно ограничување на имаграцијата и последичната депортација од одбиените баратели на азил“, политика која ја дели со водачот на CSU, Хорст Шехофер, кој во повеќе наврати повикал на ограничување на бројот на азиланти кои доаѓаат во земјата.

Идејата на Шехофер е повеќепати одбиена од страна на неговиот коалициски партнер Ангела Меркел, која доследно се држи до планот и нема намера да го ограничи бројот на азиланти кои доаѓаат од Германија.

Баварскиот министер за внатрешни работи, исто така, истакна и предупреди дека бранот мигранти е предизвикан од Октоберфест дополнувајќи дека ќе бара да се зголеми полициската присутност на настанот и да се зголеми бројот на безбедносни камери.

 

 

Scroll to Top