Во Европа повлечени 3600 тони храна, а уапсени 749 луѓе

Расипаното месо, хемиски обоената туна и лажното млеко во прав за бебиња се само некои од производите кои „Еуропол“ ги тргнал од европскиот пазар.

Во неодамна спроведената операција OPSON, „Еуропол“ истражувал недозволена и опасна храна која се нуди на европскиот пазар. Акцијата се спроведувала во текот на четири месеци, од декември 2017 година до март 2018 година, во рамки на 67 држави.

Запленети се повеќе од 3620 тони храна и 9,7 милиони литри опасна храна и пијалаци. Акцијата е направена во рамки на 41 000 проверки во продавниците на трговските центри, на пазарите, аеродромите, пристаништата и индустриските подрачја. Околу 749 луѓе се уапсени и притворени, а во голем број држави истрагата продолжува.

Потенцијално смртоносни производи.

Резултатите од истрагата OPSON покажуваат како може да се заштитат потрошувачите во некои делови на светот кога полициските агенции ќе ги здружат силите во координирани акции.

Ова е закана која бара соработка и преку границите. Сите држави се соочуваат со ваква закана и наша должност е да го осигураме тоа што потрошувачите го добиваат на нивните маси. Храната да биде исправна и безбедна“, изјавил Јари Лиуки, шефот на „Европол“, центарот за тежок и организиран криминал.

„Разбивањето на речиси 50 криминални мрежи вклучени во производство на лажна храна и пијалаци е важен резултат во спречувањето на продажбата на потенцијално смртоносните производи“, вели Даоминг Жанг, шефот на одделението на Интерпол, задолжено за илегалниот пазар.

Тој предупредил дека потрошуваат мора да внимаваат на тоа што купуваат и од каде го купуваат.

Белгија: Продажба на расипано месо

Затворена е компанија која претставува голем синџир за производство и продажба на месо во Белгија. Истовремено од полиците во продавниците се повлечени сите нејзини производи. Компанијата ја изгубила дозволата за работа откако во месото што таа го произведува и пласира на пазарот е откриен месен отпад, делови од трупови наменети за животинска храна и луѓето воопшто не смееле да го консумираат.

Шпанија: Лажно млеко во прав за бебиња

Четворица луѓе се уапсени, а компанијата во Шпанија која го пакувала лажното млеко за бебиња, кое главно било наменето за кинескиот пазар, е затворена. Запленети се 8 тони од лажниот производ.

Прашокот бил набавуван од Полска за 1 евро по килограм и бил доставуван во Барселона. Иако не бил штетен, недостасувале хранливи материи кои им се потребни на бебињата. Млекото било произведувано во услови кои не ги задоволуваат стандардите за квалитетна храна.

Измама во производство на туна во некои делови на Европа

За првпат е извршена истрага на одредени производи во 11 европски држави, а се работи за измама во производството на туна. Откриено е дека туната за конзервирање се продавала како свежа иако на нелегален начин се произведувала и се менувала бојата за да изгледа посвежо. Запленети биле повеќе од 51 тон туна, во повеќе од 380 примероци.

 

 

 

Scroll to Top