Во Франција се украдени 11 велосипеди од тим на Тур де Франс

Непознати лица украле 11 велосипеди на тимот „TotalEnergies“ учесник на Тур де Франс.

Велосипедите биле украдени во текот на ноќта од паркингот на хотелот во Онгла-д-Сант-Флоур (Англард-де-Сен-Флоур) во департманот Кантал, објави радио станицата France Bleu.

Крадците со ламба го отвориле камионот на екипата, а вкупната штета е проценета на 150 илјади евра. Поради ова е поднесена пријава во полиција, соопшти раководството на тимот.

Scroll to Top