Некои луѓе едноставно се родени романтичари, засекогаш во потрага по оној вистинскиот или онаа вистинската. Нивната потрага по љубов може да биде интензивна, страсна и донекаде драматична. Можеби астрологијата е виновна. Луѓето родени под овие хороскопски знаци постојано бараат партнери.
Вага
Вагите се познати по нивната вродена потреба за рамнотежа и хармонија. За една Вага животот без партнер едноставно нема смисла. Нив природно ги привлекува идејата за љубов и романтични врски, а нивната потрага по партнер е континуирана. Вагите се одлични уметници и љубители на се убаво, па бараат партнер кој ќе ги надополни и со кој ќе ја споделат таа убавина.
Риби
Рибите се вистинските сонувачи на зодијакот. Тие се исклучително емотивни и чувствителни и секогаш бараат длабока, духовна врска со партнерот. Рибите веруваат во сродни души и често се ваљубуваат во идејата за љубов, а не во самата личност. Нивната потрага по партнер е континуирана бидејќи се убедени дека некаде има некој кој целосно ќе ги разбере и со кој ќе ги споделат своите соништа.