Војната во Украина ќе заврши во февруари, големи терористички напади во мај: руски астролог со предвидувања за 2023 година

Познатиот руски астролог Татјана Боршч ја објави книгата „Целосен хороскоп за 2023 година“ и објасни како светот ќе се промени в година на сите полиња. Таа одговара на неколку важни прашања поврзани со кризите, политиката, економијата…

Кога ќе заврши војната во Украина и кој ќе победи?

Таа вели дека првата половина од 2023 година ја гледа како природно продолжение на многу сложениот период, кој почна во 2022 година. Во Украина ќе продолжи конфронтацијата меѓу Истокот и Западот, како и ривалството меѓу САД и Кина. Продолжува и финансиската и економската криза, која в година ќе го освои целиот свет. Ѕвездите предвидуваат дека војната во Украина би можела да заврши во јануари или февруари 2023 година.

Таа вели и дека и покрај храбрите воени и политички напори на Украина и поддршката од Западот, Русија ќе победи воено, геополитички и идеолошки.

Но, и за Русија не доаѓа добар период и Боршч предвидува големи промени во структурите на моќта во есента 2022 година и во првата половина на 2023 година.

Економска криза

Според предвидувањата на Боршч, в година во светската економија ќе доминираат Азија и Русија. Годинешните настани се само уште еден чекор во транзицијата бидејќи глобалното влијание се поместува кон исток, смета таа. „Тензиите меѓу САД и азиските земји само ќе продолжат да се зголемуваат. На крајот на 2022 година и почетокот на 2023 година економиите на многу земји ќе паднат во хаос, а општата финансиска криза ќе ги погоди банките, компаниите и целото население на планетата“, пишува Боршч.

Политичка криза

Најлошата политичка криза ќе биде во Соединетите Американски Држави. Есента 2022 година и првата половина на 2023 година ќе бидат најлошиот период со кој се соочи оваа земја во последно време. Може да има сериозни конфронтации меѓу политичките партии, кои може да го исфрлат од рамнотежа целото општество. Од разни политички конфликти нема да биде поштедена ниту Европа.

Лоши предвидувања за 2023

Покрај ова, рускиот астролог предвидува сериозни терористички напади во втората половина на мај. Таа вели дека Уран ќе биде во знакот на Бик на исто ниво како за време на Втората светска војна: „Ова навестува раскинување со старите структури, што може да предизвика војна, смрт и политички и економски конфликти“.

Финансиски предвидувања

Боршч предвидува и криза во глобалниот банкарски систем, која, најверојатно, ќе почне во декември 2022 година и ќе продолжи и в година.

„Мислам дека би било попаметно да ги вложите вашите пари во нешто опипливо, како што се недвижен имот, земја или злато. Сè е подобро од тоа да го има во банкарскиот систем или едноставно на хартија“, пишува таа во книгата.

Можни се многубројни пожари

Во 2023 година разните природни аномалии со кои се соочува светот оваа година може да продолжат. Боршч предвидува пожари од големи размери, кои ќе бидат дестабилизирачки фактор во зимата и пролетта 2023 година.

Scroll to Top