Воз со патници влегол во тунел и исчезнал

Воз од компаниајта „Занети“, мистериозно исчезнал во Италија откако влегол во тунел. Настан се случил на 14 јули 1911 година, кога 106 патници кои требало да бидат дел од рекламна кампања влегле во него, но никогаш не излегле. Тунелот бил еден од најдолгите и најголеми во тоа време.

Од компанијата им понудиле на патниците кои биле од богата класа, бесплатни возења за нивната рекламна кампања. Но, кога возот влегол во тунелот во Ломбардија, му се изгубила секаква трага. Работниците и полицијата го пребарале целото место, но ништо не пронашле.

Немало никакви знаци за несреќа. Возот кој требало да излезе од другата страна, никогаш не се појавил. Сведоци виделе како двајца патници пред возот влезе во тунелот, успеале да скокнат од еден од прозорите.

„Се што видов е само бел чад кој го проголта возот. Беше страшно и испаничив. Затоа скокнав низ прозор. Видов уште еден патник по мене како го прави истото“, рече еден од преживеаните, кој подоцна откри дека од настанот имал трауми и пател од несоница.

 

Scroll to Top