Овој поранешен војник бил омилен во новинарските кругови на почетокот на деведесеттите години. Тој бил дел од движењето за либерална Русија кога бил убиен пред неговиот дом во Москва. Собирал докази за кои се верувало дека можат да потврдат дека владата на Путин стои зад некои од бомбардирањата врз цивилното население во тогашните војни.
АЛЕКСАНДАР ЛИТВИЊЕНКО 2006 ГОДИНА
Поранешниот агент на КГБ (44) умрел откако бил отруен со радиоакативен полонијум-210. Наводно две лица од Руската служба на обезбедување ставиле изотопи во неговиот чај кога со него се состанале во хотел во Лондон.
Литвињенко бил соработник на самопрогласениот олигарх Борис Березовски. Според исказите на неговата вдовица, тој го обвинил Владимир Путин дека е корумпиран и педофил.
Агенцијата АП напоменува дека во извештајот објавен во 2016 година британски судија напишал дека рускиот претседател Владимир Путин веројатно го одобрил убиството на Литвињенко, кое го извеле руските безбедносни служби.
АНА ПОЛИТКОВСКАЈА 2006 ГОДИНА
Новинарката и острата критичарка на Кремљ е убиена на 48-годишна возраст, пред влезот во нејзината зграда во Москва во 2006 година. Била позната по извештаите за кршење на човековите права во Русија, особено во проблематичниот Северен Какваз.
Нејзините приврзаници секогаш се сомневале дека станува збор за политичко убиство. Пет мажи се обвинети за предизвикување злосторство, но лицата кои го нарачале убиството никогаш не биле идентификувани.
Ана покрај тоа што се занимавала со новинарство, била и активистка за човекови права, и е позната по противењето на војната во Чеченија и на рускиот претседател Путин.
Та се прославила со извештаите од Чеченија, каде што многу новинари и хуманитарни работници биле киднапирани и убиени. Подоцна е отруена на пат кон Беслан, но закрепнала и продолжила со извештаите. Напишала многу книги за војните во Чеченија и за Русија под власта на Путин, и освоила неколку престижни меѓународн награди за својот труд.
Убиена е на 7 октомври 2006 година, на роденденот на Владимир Путин, кој јавно бил обвинет од Александар Литвињенко за убиство. Недолго потоа, Литвињенко починал од труење со радиоактивен полониум.
СЕРГЕЈ МАГНИТСКИ 2009 ГОДИНА
Адвокатот починал во полициски притвор во ноември 2009 година откако наводно бил брутално претепан, а потоа одбил медицинска нега. Работел за британско-американскиот бизнисмен Вилијам Бровдер и истражувал случај за голема даночна измама.
Тој наводно бил уапсен откако открил докази што укажувале на тоа дека полициските службеници стојат зад измамата. Магнитски во 2012 година постхумно бил осуден поради затајување данок, а Бровдер лобирал во САД да им се воведат санкции на Русите поради неговата смрт.
Законот за санкции го носи неговото име и од тогаш се применуваат во случаите за злоупотреба на правата.
НАТАЛИЈА ЕСТРЕМИРОВА 2009 ГОДИНА
Наталија била новинарка која ги истражувала киднапирањата и убиствата кои станале вообичаени во Чеченија. Таму проруските безбедносни сили воделе брутална акција за да ги исфрлат исламските милитанти, кои биле одговорни за некои од најлошите терористички напади во земјата.
Како и новинарката Ана Политковскаја, таа известувала за цивилите кои често биле меѓу две сили. Таа е киднапирана пред својот дом, убиена со неколку куршуми и фрлена во блиската шума. Никој никогаш не одговарал за нејзиното убиство.
АНАСТАСИЈА БАБУРОВА И СТАНИСЛАВ МЕРКЕЛОВ 2009 ГОДИНА
Бабурова, новинар приправник, и адвокатот за човекови права Меркелов се застрелани среде бел ден враќајќи се од конференција за печат недалеку од Кремљ.
Главната цел наводно бил Меркелов, кој тогаш имал 34 години, адвокат кој ги застапувал активистите на левицата, новинарите и жртвите на руските специјални сили, кои убиле повеќе од 100 заложници во московскиот театар за време на спасувачката акција.
Бабурова имала 25 години кога е убиена и работела за опозициониот весник „Новаја Газета“. Во Москва во 2011 година судот осудил двајца неонацисти за двојно убиство, Никита Тихонова и Евгениј Хасис.
БОРИС БЕРЕЗОВСКИ 2013 ГОДИНА
Во текот на 90-тите години тој бил средство кое Путин го искористил за да добие моќ, но Березовски не можел така лесно да влијае на новиот претседател.
По падот, тој заминува за Велика Британија каде што се заколнал дека ќе го сруши Путин. Бизнисменот во 2000 година побегнал во Британија, а Лондон го користел како база за упатување критики кон својот поранешен штитеник.
Тој исто така го обвинил Кремљ дека учествувал во убиството на Александар Литвињенко во 2006 година.
Сè уште не е јасно како е убиен Березовски (67), но службените лицаго пронашле мртов со вратоврска околу вратот во бањата во вилата во која живеел во Велика Британија.
Се претпоставува дека сам си го одзеал животот поради финансиските проблеми, но официјалните лица немале доволно докази со кои би можело да се потврди самоубиството, и од тогаш се шпекулира дека е убиен.
БОРИС НЕМЦОВ 2015 ГОДИНА
Во текот на деведесеттите години Немцов бил голема политичка ѕвезда на постсоветските „млади реформатори“. Станал заменик-премиер и некое време бил потенцијален кандидат за претседател, но Путин бил тој кој го наследил Борис Елцин во 2000 година. Немцов јавно го поддржал тој избор, но станал негов голем критичар, за на крајот да биде турнат на маргините на политичкиот живот.
Немцов ги водел масовните улични протести поради незадоволството од резултатите на парламентарните избори во 2011 година и напишал извештај за корупцијата во таа земја. Бил уапсен неколкупати, а во февруари 2015 година ја повикал јавноста да се приклучи на протестите против воената вмешаност на Русија и Украина.
Само неколку часа потоа бил убиен недалеку од Кремљ. Путин лично ја контролирал истрагата за убиството, но убиецот и понатаму е на слобода.
МИХАИЛ ХОДОРКОВСКИ
Михаил Ходорковски е поранешен руски тајкун кој во 2015 година го предупредил претседателот Владимир Путин дека „царот е гол“ и дека владее со царство кое ќе продолжи да слабее и ќе доведе до борби меѓу противничките кланови во Москва.
Ходорковски некогаш ја контролирал најголемата руска нафтена компанија YUKOS, а во 2015 година објаснил дека економијата на Путин ќе слабее и дека на крајот ќе дојде до борба меѓу моќните кланови во Русија.
Станал остар критичар на Кремљ и рускиот претседател што довело до тоа власта да се сврти против него. Истата година рускиот суд распишал потерница за него поради обвинение за убиство.
Руските истражители го обвиниле поранешниот нафтен тајкун во отсуство дека организирал убиство на рибирскиот градоначалник во 1998 година, за што приврзаниците на Ходорковски тврдат дека е само обид да го замолчат.
Хороровски живее во странство од кога во 2013 година е пуштен на слобода од затвор.
Линк од првиот дел