Научници тврдат дека конечно знаат што ќе се случи со Сонцето кога ќе згасне, пренесува guardian.
Веќе некое време експертите се согласуваат дека Сонцето ќе умре за околу 5 билиони години, но тоа што досега не можеле да се договорат е како тоа ќе се случи.
Тим на астрономи предводени од професорот Алберт Зијлстра, од Универзитетот во Манчестер сметаат дека Сонцето ќе заврши во планетарна магла, затоа што не е доволно големо да експлодира во супернова.
Сонцето откако ќе го потроши целиот водород, ќе завземе црвена боја и ќе се зголеми за 250 пати. Со тоа ќе ја уништи Земјата, која во тоа време ќе биде ненаселена, тврдат научниците. Се што ќе остане после тоа ќе биде светлечки прстен од меѓуѕвездена прашина и гасови.