За некои е жив и се крие на Карибите, разни теории на заговор за убиството на Тупак

Популарниот американски рапер во деведесетите, Тупак Шакур загина на денешен ден пред 24 години. За неговата смрт во јавноста се ширеа голем број на теории на заговор, а за некои тој сè уште е жив и се крие на Карибите.

Режисерот од Лос Анџелес Рик Бос цврсто верува дека  музичарот е жив, а годинава изјави и дека планира да направи филм за неговиот живот. Глумецот и рапер Тупак почина на 13 јуни 1996 година, откако беше застрелан во Лос Анџелес.

Бос многупати досега изјавил во медиумите дека му помогнал на раперот да ја лажира својата смрт, за да може да го сокрие во Куба. Луѓе од разни краеви во светот во последните 23 години се јавуваат во медиуми велејќи дека го виделе раперот жив или дека имаат детали за неговата смрт.

Ова го поттикнало продуцентот Рик Бос да сними филм на оваа тема. Тој најави дека филмот ќе се вика 2Pac: The Great Escape From UMC, пишува The Rolling Stone.

„Во филмот ќе го следиме Тупак како заминува од Вегас и продолжува да живее во Ново Мексико. Филмот нема да биде фикција. Ова се факти кои доаѓаат од проверени извори“, изјавил Бос.

Други пак веруваат дека Тупак се крие во Белизе. Приватниот истражител и детектив Џими Пул, тврди дека познатиот рапер е жив и здрав, а како доказ за тоа, споделил аудио снимка и фотографија од него.

Пул ја истражувал смртта на раперот, за да открие дали има вистина во приказната дека е жив. Особено затоа што полицијата во Лас Вегас го има отворено досието за неговиот случај, кој беше убиен на 13 септември 1996 година и сеуште го нема затворено.

„Еве нова фотографија. Тупак е жив и здрав и живее во Белизе“, напишал детективот Пул.

Грег Кадинг, детективот кој го водел случајот за убиството на Тупак, не смета дека раперот е жив. Напротив тој цврсто е убден дека Тупак е мртов и дека е убен од страна на  Орландо „Бејби“ Андерсон, кој му се одмаздил, откако претходно бил претепан од бандата на раперот.

„Андерсон е тип со кој Тупак се тепал таа вечер, а кој подоцна се вратил да се одмазди со својата банда“, изјавил Кадинг за Today Australia.

Детективот смета дека во тоа убиство нема многу мистерии, иако целиот случај го следат голем број на теории на заговор.

Славниот музичар има продадено 75 милиони албуми, а повеќе од 20 години од неговата смрт, многумина го сметаат за најголем изведувач во историјата на хип-хоп музиката.

Scroll to Top