Првпат членка на НАТО купува моќен руски ракетен систем „С-400“

Договорот предизвика загриженост кај западните сили затоа што Турција е членка на НАТО, а рускиот систем на противоздушни проектили не може да се интегрира во НАТО-воената структура.

Русија на Турција, според договорот, кој е пред заклучување, ќе ѝ продаде четири проектили земја-воздух „С-400“ за 2,5 милијарди долари, изјави претседателот на руската корпорација за воени авиони Rostec, Сергеј Чемезов.

Договорот предизвика загриженост на Запад затоа што Турција е членка на НАТО, а рускиот систем за противоздушни проектили не може да се интегрира во НАТО-воената структура.

Освен тоа, одностите меѓу Москва и НАТО се затегнати поради руската анексија на украинскиот Крим.

Турскиот министер за одбрана, Неретин Цаникли, изјави дека Анкара ќе купи два система „С-400“ и дека сè е договорено, извести турската државна телевизија „ТРТ Хабер“.

Турција веднаш ќе плати 45 отсто од цената, а Русија ќе ги осигура заемите за исплата за преостанатите 55 отсто, изјави Чемезов. Се очекува Москва со првата испорака да започне во март 2020 година.

Чемезов изјави дека Турција е првата членка на НАТО, која набави напреден руски систем „С-400“.

Тој додаде дека министерствата за финансии на двете земји веќе ги завршиле разговорите за финансирање на договорот и дека конечниот документ недостига само уште да се одобри.

 

Scroll to Top