Во Њујорк постои таен остров Норт брадер (Северен брат), напуштен пред 50 години, а пристапот до него е забранет.
Ова ненаселено место има површина од 8,9 хектари и чувствителен екосистем, а е вистински природен резерват и е сместен на Ист ривер во близина на Бронкс. Познат е и како Порта на пеколот поради тоа што на тоа место досега потонале неколку бродови.
Истражувачи од Универзитетот во Пенсилванија неодамна спроведоа истражување во врска со конзервацијата на островот, а се разгледува и овозможување пристап на посетители.
Се планираат тури во траење од по два часа, а посетителите, најверојатно, ќе доаѓаат со брод.
Островот е откриен од холандскиот морепловец Адријан Блик меѓу 1611 и 1614 година, а останал ненаселен во наредните два века.