Маунт Рашмор е монументален гранитен споменик кој го креирал Гутон Борглум, а се состои од 18-метарски скулптури на главите на поранешните претседатели на САД. Се наоѓа блиску до Кистоун во Јужна Дакота, а опфаќа површина од 5,17 квадратни километри.
Од лево кон десно на неа сe прикажани Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн.
Изгледа величествено, но само ретките знаат дека споменикот крие голема тајна.
Имено, зад главата на Абрахам Линколн се наоѓа тајна соба, која Борглум очигледно внимателно и плански ја испланирал.
Иако, првично имал намера да направи голема слика која ќе ги прикажува историските моменти на САД, поради разни ограничувања сфатил дека е најдобро да направи само глави на претседателите.
Сепак, владата на САД му дозволила и работа на посебен проект – креирање тајна соба.