Заговорниците за глобално затоплување претеруваат со приказните за крајот на светот

Исклучена е опасноста дека според проценките на научниците, температурите до 2100 година, ќе пораснеле за фатални 4 до 5 степени.

Британските научници ги исклучија најлошите сценариа од глобалното затоплување чии творци предвиделе дка до 2100 година, просечната температура на Земјата ќе порасне за 4 до 5 степени Целзиусови во однос на индустриската епоха.

Ова е ослонување на истражувањата на климатолог од Универзитетот Ексетер, објави весникот „The Guardian“ во Лондон. Британскиот професор Питер Кокс, кој ја користел методологијата на своите колеги, и дошол до значително различни резултати.

Според предвидувањата на Обединетите народи, кога концентрацијата на јаглерод дикосид се зголемува во атмосферата два пати, температурата на планетата се зголемува за 1,5 до 4,5 степени целзиусови, но најверојатно ќе бидат 2,8 степени Целзиусови.

„При секоја промена на степените, не треба да се плашиме од најпогубните сценариа. Проблемот е во тоа што е невозможно да се оствари тоа што е запишано во Парискиот климатски договор, при сегашните услови“, изјави Кокс.

Тој договор го потпишале 195 земји, и се обврзале дека ќе превземат мерки да осигураат дека просечната температура на Земјата до 2100 година, нема да порасне за повеќе од два степени. И да се осигура да не премине преку 1,5 степен.

Британскиот физичар Стивен Хопкингс претходно предупреди дека глобалното затоплување ќе го направи животот на Земјата неподнослив и дека човештвото ќе мора да побара уште една планета за 200 до 500 години.

Тој отиде и еден чекор понатаму, предупредувајќи дека нашата планета до 2600 година, може да стане огнена топка и дека човештвото потоа ќе може да исчезне.

 

 

 

 

Scroll to Top