Дури и ако човештвото го намали испуштањето на стаклените гасови, како што е предвидено во Парискиот договор, самата планета би можела да ги попречи човечките напори и засекогаш да се претвори во стаклена градина.
Ова е утврдено во студија објавена во магазинот Proceedings of the National Academy of Sciences .Во таквото сценарио, просечната температура на Земјата би можела да биде 4 или 5 степени Целзиусови повисока во однос на прединдустрискиот период. Тоа е многу повеќе во однос на резултатите од времето на Парискиот договор според кои температурите биле повисоки за само 2 степена.
Емисијата на стаклени гасови веќе придонесе за пораст на просечната температура на Земјата за 1 степен, зголемувајќи го интензитетот на летните горештини, сушите и бурите.
Научниците посочуваат на десет карактеристики на составот на Земјата кои денес се неутрални или влијаат благотворно, но во иднина би можеле да бидат кобни и да предизвикаат поголеми испуштања на јаглерод диоксид и метан во атмосферата.
Се работи за процеси што вклучуваат топење на пермафрост, губење на метански хидрати од дното на океаните, тонење на слабиот земјен и океански јаглерод, губење на арктичкиот летен морски лед и намалување на антарктичкиот морски лед и поларните ледени капи.
Ослободувањето на овие гасови ќе биде неминовно.
Во студијата научниците покажуваат загриженост дека Земјата би можела да стане стакленик.
Загревањето за 3 степени би можело на крајот да значи смртна пресуда за 40% од амазонските прашуми, се наведува во неодамнешното истражување.
Пожарите, кои не се исклучени во тој модел, би можеле да го забрзаат уништувањето поради што во атмосферата би можеле да завршат милијарди тони CO2.
Сите механизми се меѓусебно поврзани. Секој може да биде движечка сила за другиот, сметаат авторите на студијата.
„Сите тие настани заедно би можеле да го поттикнат системот на Земјата да функционира на поинаков начин“, заклучил Ханс Јоахим Шелнхубер, коавторот на студијата од Институтот за истражување на климатските влијанија во Постдам, кој претходно оценил дека на Земјата, која ќе биде потопла за 4 до 5 степени, нема да можат да живеат повеќе од милијарда луѓе.