Американската компанија која ја произведува играта Kards egents Hjumaniti, им се приклучила на демократите и откупила дел од просторот на кој Америка гранички со Мексико, со цел Доналд Трамп да не може да изгради ѕид.
Ваквиот потег наишол на голем број на критики во јавноста, а од раководството на компанијата велат дека главната цел им била остварена и дека им е драго што успеале да му се спротивстават на Доналд Трамп.
„Ако сте гласале за Трамп, тогаш немате што да кажете на овој потег“, изјавиле од раководството на компанијата.
Cards Against Humanity buys part of the US border so Trump can’t build his wall https://t.co/7nDb8tKVLH
— Susan Dawson (@siouxie_babe) November 19, 2018
Тие го откупиле просторот кои им припаѓал на делот на кој требало да се гради ѕидот, пренесува „Индепендент“.
„Доколку се одлучат да изградат ѕид ќе мора да ја откупат целата приватна земја која им стои на патот, а меѓу остантото ќе мора да откупат и дел од нашата земја. Но, немаме намера да продаваме“, наведуваат од компанијата.
Администрацијата на Трамп веќе има направено прототип на тоа како би изгледал ѕидот, но ваквиот потег наиде на голем број на осуди и навреди, па многу луѓе се обиделе да го блокираат почетокот на изградбата.